Американецот Ромео Тревис ново засилување за македонската кошаркарска репрезентација - Канал 5

Американецот Ромео Тревис ново засилување за македонската кошаркарска репрезентација

Американецот Ромео Тревис е новото засилување за кошаркарска репрезентација на Македонија.

Американецот Ромео Тревис ново засилување за македонската кошаркарска репрезентација
Тревис (32) е изборот на македонскиот селектор Драган Раца, кој се реши за искусниот Американец кој игра на позицијата четири, откако Бојан Трајковски поради недисциплина беше исфрлен од репрезентацијата.

Американскиот кошаркар треба да пристигне во Скопје во сабота на 30 јули, каде ќе и се приклучи на македонската репрезентација која веќе го одработува првиот дел од подготовките, изјави генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација, Моника Гавриловска.
- Тревис го очекуваме во сабота навечер. Ние веќе ги завршивме формалностите и ги доставивме документите до надлежните институции - барање за издавање на македонско државјанство. Се надеваме дека формалностите брзо ќе се разрешат и дека Тревис ќе биде големо засилување за нашата селекција во претстојните квалификации за ЕП, изјави Гавриловска за МИА.

Американецот во Европа е од 2007 година откако не беше драфтуван од ниту еден НБА тим. На Стариот континент има играно за многу клубови меѓу кои: Кантабрија, Уелва, Улм, Хапоел Гилбоа, Задар, Кимки Јужњи, Краснаја Октобар.

Минатата сезона настапуваше во француското првенство во екипата на Стразбург, а во новата сезона ќе игра во Ле Ман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Се потврдува сè што го говоревме.

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ.

Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје.

Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад.

Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија?

Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија.

Предупредувавме, еве почнува.

Сè што кажавме се потврдува.

Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија.

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија.

Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.

Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа.

За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес.

Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија.

Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски.

Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе.

А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш.

Истрага. Одговорност.

Доаѓа време на вистина и правда.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 28.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер