3Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
КошаркаАмериканецот Мекинтош нов организатор на играта на Фени Индустри27 годишниот Кори Мекинтош од синоќа и официјално е новиот плејмејкер на нашиот кошаркарски вицешампион Фени Индустри. Тимот од Кавадарци со ова само ја продолжи реконструкцијата на екипата пред продолжението на сезоната во Првата лига, започната со отпуштањето на Србите Пилчевиќ и Братиќ и секако со разделбата од долгогодишниот тренер ЕмилРајковиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денариЗа две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците. Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%. За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%. Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан. Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаСДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на „екскурзија“ со семејството?Разговори што не се официјални. Средби што не се пријавени преку Министерството за надворешни работи. Преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на Владата. Како е можно премиерот на една држава да оди на „неофицијални“ разговори за клучното прашање - европската иднина на Македонија, без знаење и без учество на дипломатијата? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани? Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. Тој одлучува сам. Тој преговара сам. Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите. Ова не е државничка одговорност. Ова е приватизација на државата. Граѓаните имаат право да знаат: Што е договорено? Што е прифатено? Што е скриено? Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така. И нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии. Скопје, 15.8.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот растСредствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст.Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за реализација на истите им беше потребно подостапно и поповолно финансирање. Затоа, заедно со бизнис секторот и банките креиравме и дефиниравме модел со кој 250 милиони евра се ставија на располагање за развојни инвестиции во домашниот приватен сектор, по најповолни услови и со лесен пристап да стигнат до крајните корисници„, стои во објавата. Таа додава дека првата транша кон домашните компании беше исплатена во март минатата година и дека до овој момент во македонската економија се инјектирани вкупно 239 милиони евра, износ кој поттикна значаен инвестициски циклус во приватниот сектор и придонесе за поголемо производство, нови вработувања и поголема конкурентност на домашните компании. „Целта на Владата беше да препознае што им е потребно на домашните компании и да создаде услови тие потреби да се претворат во реални инвестиции. Интересот покажа дека мерката одговара на реалните потреби на бизнисот. Влеговме во овој проект со јасна цел, преку поддршка на приватните инвестиции да поттикнеме значаен инвестициски циклус во домашната економија. А ефектот е поголем бидејќи средствата што ги обезбедува Владата се надополнуваат со сопствени средства на компаниите“, посочува министерката за финансии. Според министерката најважното прашање сега не е само колку средства се пласирани, туку што се случува со економската активност како резултат на ваквиот пристап до капитал и зголемените инвестиции. Додава дека индикатори се охрабрувачки. Корпоративното кредитирање во овој период во кој се реализира оваа мерка, бележи просечен годишен раст од 15%, односно во периодот од март минатата година до јуни оваа година се движи помеѓу 13,5% и 16,5% што покажува зголемена кредитна активност и подобар пристап на компаниите до финансиски средства. Растот на БДП во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 3,1%, по растот од 3,5% во четвртиот квартал од 2025 година, 3,8% во третиот и 3,8% во вториот квартал. Еден од значајните придонеси кон растот се јавните и приватните инвестиции. Позитивни и охрабрувачки сигнали, стои во објавата, гледаме и кај извозот, индустриското производство и вработеноста. „Сите податоци покажуваат дека економската активност се движи во посакувана насока и се потврда за позитивните ефекти на политиките коишто ги спроведуваме. Токму затоа поддршката за домашниот бизнис ја гледаме како инвестиција во растот на економијата. Овие податоци се важни бидејќи покажуваат дека економските политики треба да се мерат преку конкретните резултати и промените во реалната економија. Целта на Владата е јасна: повеќе инвестиции, зголемено производство, посилни домашни компании, нови работни места, конкурентна домашна економија и одржлив економски раст„, стои во објавата на министерката Димитриеска-Кочоска. Таа истакнува дека Владата со посветеност ќе продолжи да креира и спроведува мерки кои ќе им овозможуваат на компаниите да растат, да инвестираат и да создаваат нова вредност за целата економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21