Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа
1Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа
2Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
3Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании
КошаркаАмериканецот Џош Скот ново засилување за МЗТ СкопјеДоскорешниот играч на Колорадо универзитетот од американската НЦАА-лига, Џош Скот е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, пред напорната сезона во која македонскиот шампион го очекуваат исклучително тешки пресметки, пред се во Еврокупот, но и во АБА-лигата.Американецот (23 год, 208 см) игра на позицијата „четири“ и зад него се повеќе од 1.700 поени, 900 скока и сто блокади за време на четиригодишниот престој во колеџот од Денвер. За Скот, настапот во дресот на „металците“ ќе биде дебитантски на европската кошаркарска сцена, откако претходно има играно само уште за „Луис-Палмер“ средното училиште. Крилниот центар, во последната средношколска сезона, имал просек од 28,5 поени, 11 скока и 2,5 блокади и низа од 27 победи со својот тим. Од него се очекува да донесе предност во скок-играта, да биде столб на одбраната како и константна опасност по противничкиот кош. Скот е третото официјално засилување за МЗТ Скопје Аеродром летово, откако претходно потпис на договорот со сино-белите ставија Холанѓанецот Шарлон Клоф и повратникот Србинот Ѓорѓе Дреновац. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузнициНов електронски систем за автоматско препознавање на пријателски и непријателски авиони успешно ги помина воените тестирања и е одобрен за употреба на ловците „F-16“.Системот од компанијата „BAE Systems“, означен како „AN/APX-127(V)1 Combined Interrogator Transponder “претставува модернизирано решение што интегрира две функции во еден уред. Неговата цел е да го намали ризикот воените пилоти случајно да пукаат врз сојузнички авиони. Кога пилот на „F-16“ ќе открие неидентифициран авион на радарот, системот испраќа шифрирано дигитално барање до него преку радио-сигнал. Овој процес е познат како идентификација преку барање или „испрашување“. Ако авионот му припаѓа на пријателска земја или на сојузник од НАТО, неговиот систем автоматски го прима сигналот, го дешифрира користејќи безбеден воен клуч и враќа прецизно дефиниран, исто така шифриран, одговор. Ако „F-16“ добие валиден одговор, неговиот систем го означува авионот како пријателски на екранот на пилотот. Доколку нема одговор или примениот код е погрешен, авионот се означува како непозната или непријателска закана. „BAE Systems“ го дизајнираше новиот уред како директна замена за постарата опрема што се користи на авионите „F-16“ ширум светот. Ова овозможува модернизација на постоечките авиони без потреба од развој на целосно нов систем за идентификација. Системот ефективно функционира како дигитална контрола во воздух: „F-16“ може истовремено да го потврди идентитетот на другите авиони и да го потврди сопствениот идентитет пред сојузничките сили кога тие ќе испратат барање. Ова дополнително го намалува ризикот од погрешна идентификација во ситуации кога во воздушниот простор е присутен голем број авиони. Извор: Б92Тагови: F-16 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаПетрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скарааФилипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно. Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра. Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка. Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции. Правда мора да има. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисотЕдна година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот. „Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките. СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања. Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци. Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка. Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра. Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја. Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook