Американец преживеа напад на мајка гризли, има страшни повреди (ФОТО) - Канал 5

Американец преживеа напад на мајка гризли, има страшни повреди (ФОТО)

Шејн Патрик (35) имал среќа што останал жив кога бил нападнат од мајка гризли за време на престојот во шума во Вајоминг, САД, каде отишол да фотографира сив був.

Американец преживеа напад на мајка гризли, има страшни повреди (ФОТО)

Поранешниот американски војник планирал да помине извесно време во мир и да фотографира бувови, но женката мечка му пореметила сѐ и за малку ќе го убиела.

Мажот успеал да преживее со помош на спрејот со кој се бранел од нападот. На својот Инстаграм профил тој реши да ги сподели сите детали од нападот, истакнувајќи дека е „голем љубител на животни“.

„Долго и напорно размислував да ја споделам мојата приказна за средбата со женка гризли и нејзиното младенче. Дозволете ми да кажам колку го сакам и почитувам дивиот свет. Секој што ме познава го знае тоа за мене. Всушност, втората работа што им кажал на чуварите на паркот, ве молам не ја убивајте мечката, таа го бранеше своето младенче“, рече војникот во воведниот дел од својата објава.

„Бев на погрешно место во погрешно време. Недела попладне ме нападна женска мечка која го штитеше нејзиното младенче. Тоа беше најнасилното нешто што некогаш сум го доживеал. Сум пукал, фрлал мини, јас сум воен ветеран“, додаде тој.

Шејн рече дека нема поим дека фотографирањето и потрагата по сив був ќе се претвори во толку крваво искуство.

"И реков на жена ми дека за еден час ќе се вратам на паркингот. Во моментот на нападот веќе помина речиси час и половина од средбата со сопругата. Веќе бев загрижен, па решив да одам назад кон автомобилот, поради што почнав да одам брзо, кршев гранки, имав лошо чувство...“ објасни тој.

„Одев низ многу пошумена област и наидов на дел каде што на ридот десно забележав младенче кафеава мечка како трча по ридот пред мене. Знаев дека ова не е добро, го зедов мојот спреј за мечка и ја видов мечката што скокна, „Решив да се свртам и да ѝ го покажам грбот, па легнав на стомак и се подготвив за лудо возење, стегајќи ги рацете зад вратот за да ги заштитам моите витални органи “, рече Шејн.

Во интервју за New York Post, Шејн рече дека мислел дека таа сакала да му „го гризе вратот“. Кога го гризнала за рака, спрејот завршил во нејзината уста и експлодирал и ја оттурнал од него.

Патрик потоа успеал да повика брза помош, која што со хеликоптер го пренела во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Неколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.

Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово.

Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор.

Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна Владата на Украина

Украинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.

Падна Владата на Украина

Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ.

Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент.

„Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент.

Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции.

На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули.

Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

 Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа.

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Бране Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер