АвтомобилизамАмериканец потрошил 30 милиони евра за да ги преправи своите четири Бугати да изгледаат како инсекти (ВИДЕО)Американски колекционер денес поседува дури четири Бугати инспирирани од различни инсекти.Најновото во таа колекција е Бугати W16 Мистрал во верзијата Fly Bug, што воедно го означува крајот на повеќегодишен проект во рамките на програмата за персонализација Sur Mesure. Неименуваниот сопственик на Бугати, преведено во пари, веројатно оставил десетици милиони евра за да ја задоволи својата страст за луксузни автомобили и инсекти. Секој автомобил носи идентитет на инсект, од бубачка до вилинско коњче. Најновиот Fly Bug се приклучува на веќе импресивна гаража која вклучува: • Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse Hellbug • Bugatti Chiron Hellbee • Bugatti Divo Lady Bug За финалниот модел, дизајнерските тимови во Молсхајм и Берлин пронајдоа инспирација во вилинското коњче. Посебна боја и комплексен дизајн Таросеријата на Мистрал е обоена во посебна нијанса на вилинско сино, кое се движи помеѓу тиркизна и темно сина боја во зависност од светлината, имитирајќи го изгледот на крилјата на инсектот. Автомобилот има и уникатен елипсовиден шаблон кој станува погуст кон задниот дел, сличен на Divo Lady Bug. Логото Macaron на Bugatti е интегрирано во тој шаблон, што, според производителот, бил еден од технички најсложените делови од проектот. Внатрешност со тродимензионален ефект Истиот шаблон е пренесен и во ентериерот, каде што комбинацијата од кожа и алкантара создава тродимензионален ефект на панелите на вратите. Кабината е украсена во сино-црна комбинација, што се хармонизира со екстериерот. Интересен детаљ во ентериерот е рачката на менувачот украсена со мотивот „Танцувачки слон“, создаден како почит кон уметничкото наследство на Рембрант Бугати. Техниката е непроменета Нема промени под уникатната каросерија. Автомобилот дели платформа со моделот Chiron, а е напојуван од познатиот 8,0-литарски W16 мотор со четири турбополначи кој развива 1.600 КС и 1.600 Nm вртежен момент. Колекција вредна милиони Бугати не ја откри цената на овој уникатен примерок, но се знае дека основниот Мистрал чини околу 5 милиони евра. Со оглед на нивото на персонализација, се проценува дека вкупната вредност на колекцијата на овој клиент надминува 27,5 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00