Американец освоил три премии на лото за четири години

Жител на округот Кабарус во американската сојузна држава Северна Каролина навистина има среќа со парите, бидејќи трипати во рок од четири години освоил премија на лотарија а сите трипати добитното ливче го купил во иста продавница.

Тери Сплан освоил 100.000 долари на извлекувањето на 6-ти септември, на американскиот празник Денот на трудот.

„Неверојатно. Навистина е забавно да добиваш“, рекол Сплан.

Среќата првпат го послужила во април 2017 година, кога купил тикет за „Millionaire Bucks“ лотаријата во локалната продавница „Sam’s Mini Stop“ во Конкорд и тогаш за првпат освоил милион долари.

Две години подоцна, во март 2019, со ливче од лотаријата „150 Million Cash Explosion“, купено во истата продавница го освоил својот втор милион долари.

Во понеделникот, 6-ти септември, со неговото лото ливче купено за 20 долари, повторно во истата продавница, освоил 100.000 долари. По одземените сојузни и државни даноци дома се вратил со 70.756 долари, пишува Индекс.хр.

Видео: Кети Пери се појави топлес на ревијата на француската куќа „Баленсијага“

Кетрин Елизабет Хадсон, попозната по нејзиното уметничко име Кети Пери, е американска пејачка и текстописец.

Пери стана светски позната во 2008 година со големиот хит сингл „I Kissed a Girl“, кој се најде на врвот на музичките топ листи во повеќе од 30 земји.

Денеска на ревијата на високата мода на француската куќа „Баленсијага“ познатата кантавторка се појави само облечена во црна бунда, темни очила и ја шокираше јавноста со својот смел изглед.

Извор: Аваз

Видео: Насмеано роботско лице со жива човечка кожа?!

Живата човечка кожа на роботи ветува пореални и комуникативни машини, со потенцијални придобивки за истражување за нега на кожата или тестирање на производи.

Според научниците, човечката кожа за роботи би можела да ја револуционизира роботиката и козметичката индустрија. Новиот развој вклучува живо ткиво, мешавина од клетки од човечка кожа израснати на база на колаген, поставени на 3D печатена подлога од смола.

Оваа иновативна кожа содржи структури слични на лигаментите кои се наоѓаат кај луѓето и животните, обезбедувајќи сила и флексибилност. Создадени со перфорирање на смолната основа на роботот, овие структури овозможуваат ситни шуплини во форма на V да се пополнат со живо ткиво, држејќи ја кожата на роботот на место.

Научниците потоа ја поставија таа кожа на насмеано роботско лице широко неколку сантиметри, кое беше контролирано со прачки прикачени на основата. Друг експеримент вклучуваше 3Д модел на човечка глава со слична големина, иако таа остана неподвижна. Истражувањето поврзано со ова достигнување беше објавено во списанието Cell Reports.

Извор: Б92

Суд во Париз го потврди налогот за апсење на Башар ал Асад

Судот во Париз денеска го потврди налогот за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад за наводното користење на забрането хемиско оружје против цивили во немирите во 2013 година.

Британските медиуми пренесуваат дека потерницата по Асад, што француските судии ја издадоа во ноември минатата година, се однесува на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, по истрагата на француските истражни органи за хемиски напади во градот Дума, на само 10 километри од Дамаск, и блискиот округ Источна Гута, во август 2013 година, во која загинаа повеќе од 1.000 лица.

„Денеска е посебен ден и ова е историска победа, не само за сириските жртви, туку и за жртвите ширум светот, рече Мазен Дарвиш, шеф на Сирискиот центар за медиуми и слобода на печатот.

Владата на Асад негираше дека користела хемиско оружје во граѓанската војна што избувна во 2011 година.

Ретки се налозите за апсење на актуелни претседатели, бидејќи тие генерално уживаат имунитет од кривично гонење. Меѓутоа постојат исклучоци во меѓународното право кога претседателот се обвинува за воени злосторства и злосторства против човештвото или геноцид./МИА

притисни ентер