Американец ја пронашол својата мајка во амазонско племе

Мајката на Дејвид Гуд, Јарима, припаѓа на племето Јаномами во Венецуела. Пред повеќе од 30 години, Кенет Гуд, неговиот татко, како студент по антропологија отишол да го проучува ова племе. Наместо 15 месеци таму останал 12 години, восхитен од нивната култура.

Кенет бил прифатен во племето и му понудиле сопруга. Тоа била Јарима, се уште тинејџерка, која била омажена за Кенет.

Кенет и Јарима заминале во САД. Живееле во Њу Џерси. Но на Јарима и било тешко да се прилагоди.

Морала да научи англиски, да научи да брои (бидејќи во нејзиното племе имало само три броја - еден, два и многу), автомобилите и модерната технологија ја плашеле и била осамена.

Времето го поминувала дома пред телевизор.

Родила три деца - Дејвид, Ванеса и Даниел.

Nuclear family: Yarima and Kenneth Good with two of their children David (left) and Vanessa (right)

Кога Дејвид имал 6 години, во 2011, неговиот татко со „National Geographic“ договорил целото семејство да замине во Венецуела и за нив да се сними документарен филм.

Кога пристигнале, Јарима донела одлука повеќе да не се враќа во САД. Се согласила да биде разделена од децата.

- По 2-3 години тоа го сфатив како напуштање. Како мајка ми да ме отфрлила - вели Дејвид.

Кога наполнил 10 години во Музејот за Национална историја во изложба за племиња, ја видел фотографијата на својата мајка.

- Се замрзнав. Се криев 10 минути - се сеќава тој.

Следувале тешки години за Дејвид. Со алкохол и проблеми го поминал периодот на адолесценција тагувајќи по својата мајка.

На сите им велел дека мајка му загинала во сообраќајка, не сакал да се знае дека таа е припадник на племе.

Но, во 2011 година, 19 години по разделбата, Дејвид ја прочитал книгата на неговиот татко за племето Јаномами и заминал во Венецуела да ја види мајка си.

Со помош на преведувач и водич успеал да го најде племето на мајка си длабоко во Амазонската шума.

- Не знаев како ќе реагира, дали ќе и се допаднам, дали таа ќе ми се допадне, дали ќе ме отфрли - раскажува Дејвид.


Home: When David Good went to visit his mother, he didn't even know if she was alive and well, because the Yanomami don't have any contact with the world outside their tribe

Веднаш ја препознал. И рекол: Мамо, конечно дојдов дома!

Дејвид тогаш имал 27 години. Сега било негов ред да доживее шок од овој начин на живот - отсечен од комуникација со светот, зависен исклучиво од природата.


Bridging the gap: In his unique position as a Western Yanomami, Good is helping to preserve the culture while bringing in necessities such as medicine

Дејвид поминува се повеќе време во племето на неговата мајка. Основал и непрофитна организација чија цел е да се информира за начинот на живот на племето Јаномами, да им се помогне, но да се зачува нивната автентичност.

- Тие живеат задоволни со многу малку, кај нив нема ниту рак, ниту депресија, ниту самоубиства - вели Дејвид за племето на својата мајка./ извор: Дејли меил


Трудница е убиена во својот дом во Лос Анџелес, требало да роди близнаци

Во Лос Анџелес е во тек истрага откако бремена жена била пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом, соопштија локалните власти.

Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес одговорија на повикот во Палмдејл пред два дена.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците насилно влегле во домот каде забележале крв на подот од дневната соба“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Жртвата била пронајдена со убодни рани и била констатирана смрт на местото на настанот, известија од кабинетот на шерифот.

Според информациите кои за ABC News ги потврди шерифот Мајк Гомез, жртвата била бремена околу шест до седми месец и носела близнаци. За убиството се уште нема уапсен.

"Светот е суров. Не можам да го разберам ова. Таа беше добра личност", изјави за KABC Лос Анџелес Алексис Армстронг, пријателка на несреќната трудница.

По четири децении светлоста на денот ќе ја види заборавен докуметарен филм за „Битлси“ (ВИДЕО)

Заборавениот документарен филм за Битлси „Let It Be“, кој го носи името на големиот хит на групата, повторно ќе ја види светлината на денот, по реставрацијата, на 8 мај на платформата „Дизни плус“.

Инаку, документарниот филм „Let It Be“ првично бил објавен во 1970 година. Бил недостапен четири децении. Последното издание било на VHS во осумдесеттите години на минатиот век.

Според извештаите, зад новата верзија на документарецот стои Питер Џексон, кој претходно работеше на уште еден документарец на Битлси „Get Back“.

„Let It Be“ е многу различен од биографиите контролирани од уметникот што вообичаено ги гледаме денес. Битлси беа длабоко незадоволни од тоа како изгледаа на екранот во тоа време, што делумно објаснува зошто филмот толку долго беше недостапен.

Сепак, „Нека биде“ денес може да се смета за класика, некои го пофалија, некои го критикуваа. Она што е сигурно е дека станува збор за документарец кој на Битлси првенствено гледа како на музичари.

„Let It Be“ пренесува не само голема енергија, туку и дел од свечената мистерија што ја придружуваше милениумската соработка на Битлси, пишува Techradar.com.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

притисни ентер