Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО) - Канал 5

Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО)

Американецот Тим ​​Фрид си инјектирал змиски отров 18 години, што можеби довело до создавање на противотров со широк спектар, соопштија научниците.

Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО)

Антителата пронајдени во крвта на Тим Фрид штитат од смртоносни дози од голем број змии, додека достапните терапии мора да бидат прилагодени на специфичниот тип на отровна змија што каснала некого.

Фрид преживеал повеќе од 200 отровни каснувања и повеќе од 700 инјекции со отров од најсмртоносните змии во светот, вклучувајќи неколку видови мамби, кобри, тајпани...

Тој првично сакал да го изгради својот имунитет за да се заштити при ракување со змии, документирајќи ги своите подвизи на YouTube, но на самиот почеток од овој експеримент завршил во кома поради два каснувања од кобра во краток временски период.

Но, поранешниот механичар на камиони рече дека „сосема погрешил“ на почетокот.

''Не сакав да умрам. Не сакав да го изгубам прстот. Не сакав да отсуствувам од работа“, изјави тој за Би-Би-Си.

Противотровот моментално се прави со инјектирање мали дози змиски отров кај животни, како што се коњите, чиј имунолошки систем се бори против отровот со производство на антитела, кои потоа се собираат за да се користат како терапија.

Отровот и противотровот мора да бидат тесно поврзани бидејќи токсините во отровното каснување се разликуваат од вид до вид, но тимот истражувачи почна да бара еден вид имунолошка одбрана наречена „широко неутрализирачки антитела“.

Наместо да го таргетираат делот од токсинот што го прави уникатен, тие ги таргетираат деловите што се заеднички за цели класи на токсини.

Потоа докторот Џејкоб Гленвил, извршен директор на биотехнолошката компанија „Сентивакс“, наишол на Тим Фрид.

„Веднаш помислив дека ако некој во светот рги азвил овие широко неутрализирачки антитела, тоа е тој и затоа се обратив кон него“, рече тој.

Истражувањето се фокусираше на елапидите, една од двете семејства на отровни змии, како што се коралните змии, мамбите, кобрите, тајпаните и крајтите.

Елапидите првенствено користат невротоксини во својот отров, кои го парализираат нивниот плен и се фатални кога ги запираат мускулите потребни за дишење.

Истражувачите избраа 19 елапиди идентификувани од Светската здравствена организација како најсмртоносни, а потоа ја тестираа крвта на Фрид.

Студијата идентификуваше две широко неутрализирачки антитела кои би можеле да таргетираат две класи на невротоксини, а тимот додаде трето антитело за да создаде коктел против отровот.

Во експерименти врз глувци, животните преживеале инјекции со смртоносни дози отров од 13 од 19 отровни видови змии со помош на овој противотров, а имале делумна заштита од преостанатите шест.

„Ова е неспоредлив опсег на заштита, веројатно опфаќајќи цел спектар на елапиди за кои во моментов нема противотров“, рече Гленвил.

Отровните змии моментално убиваат околу 140.000 луѓе годишно, а три пати повеќе имаат ампутации или се соочуваат со траен инвалидитет како резултат на нивните каснувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер