Американец без вина поминал 28 години во затвор, реакцијата кога го ослободиле е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Американец без вина поминал 28 години во затвор, реакцијата кога го ослободиле е хит (ВИДЕО)

Судот во Мисури вчера ја укина пресудата на човек кој одлежал речиси 28 години до доживотен затвор за убиство за кое секогаш тврдел дека не го извршил.

Американец без вина поминал 28 години во затвор, реакцијата кога го ослободиле е хит (ВИДЕО)

Кога окружниот судија ја изрече новата пресуда, Ламар Џонсон (50) само ги затвори очите и благо одмавна со главата. Сега тој планира повторно да се поврзе со семејството и да ужива во искуства кои му биле ускратени поголемиот дел од неговиот живот.

„Иако е радосен ден, треба да се истакне дека никој нема да му го врати сето она што државата му го одзеде. Ништо нема да му ги врати речиси трите децении што ги изгуби додека беше одвоен од ќерките и семејството. Имаше докази за неговата невиност, но беа скриени или игнорирани од оние кои не гледаа вредност во животите на двајца млади црнци“, изјавија неговите адвокати, пренесе АП.

Џонсон беше осуден за убиството на Маркус Бојд во октомври 1994 година, кој беше застрелан на неговиот преден трем од две маскирани лица. Џонсон од самиот почеток зборувал за својата невиност, велејќи дека во тоа време бил со својата девојка милји далеку од местото на злосторството. Додека Џонсон бил осуден на доживотен затвор, другиот осомничен, Фил Кембел, се изјаснил за виновен во замена за намалена затворска казна од седум години.

YouTube video

Џонсон на сослушувањето во декември сведочел дека ноќта на злосторството бил со својата девојка, освен неколку минути кога ја напуштил куќата на пријател за да продава дрога неколку блокови подалеку од местото каде што била убиена жртвата. Неговата девојка во тоа време, Ерика Бароу, ја потврдила неговата приказна и додала дека убиството се случило премногу далеку за Џонсон да се врати дома во рок од пет минути.

Адвокатите кои работат на ослободување на Џонсон го засноваа својот случај на клучниот сведок кој го отфрлил своето сведочење и затвореник кој рече дека тој, а не Џонсон, бил со Кембел за време на убиството. Џејмс Хауард (46) отслужува доживотна затворска казна за убиството и неколку други злосторства што се случиле три години по убиството на Бојд.

Тој на рочиштето сведочеше дека тој и Кембел решиле да го ограбат Бојд, кој на еден од нивните пријатели му должел пари од продажба на дрога. Тој исто така рече дека Џонсон не бил на местото на злосторството. Хауард рече дека пукал во Бојд во задниот дел од главата и вратот, а Кембел од страна.

Хауард и Кембел пред неколку години потпишаа заедничка изјава во која го признаа делото и потврдија дека Џонсон не бил вмешан. Кембел во меѓувреме починал. Џејмс Грегори Елкинг во декември сведочел дека бил на тремот со Бојд, обидувајќи се да купи кокаин, кога двајца вооружени лица облечени во црни маски за скијање дошле до куќата и го нападнале Бојд.

Елкинг, кој подоцна поминал неколку години во затвор за грабеж на банка, првично изјавил на полицијата дека не може да ги идентификува напаѓачите. Сепак, тој се согласил да ги разгледа потенцијалните осомничени. Никому не покажал кога го препознале. Но, детективот Џозеф Никерсон му рекол: „Знам дека знаеш кој е тоа“.

Елкинг тогаш го именувал Џонсон како еден од напаѓачите, подоцна велејќи дека бил принуден да го стори тоа. Двајт Ворен, кој го испрашувал Џонсон во 1995 година, рече дека освен сведочењето на Елкинг, главниот доказ против него бил разговорот во затворската ќелија.

Затворскиот информатор, Вилијам Мок, им рекол на инспекторите дека ги слушнал Кембел и Џонсон како разговараат и велат дека требало да го застрелаат белиот човек, очигледно мислејќи на Елкинг.

Во март 2021 година, Врховниот суд во Мисури го одбил барањето на Џонсон за ново судење со образложение дека поминало премногу време. Поради тој случај, бил донесен нов закон со кој им се олеснува на обвинителите да добијат нови рочишта доколку има нови докази за погрешна осуда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. 

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски.

„Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе.

„Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер