Двајца им се предале на властите по пробивањето на заштитната ограда на аеродромот во Лајпциг (ВИДЕО)
Хорор во Словенија: Им ветиле плата од 10.000 евра, па ги затвориле во илегална фабрика за да работат како робови
1Двајца им се предале на властите по пробивањето на заштитната ограда на аеродромот во Лајпциг (ВИДЕО)
2Хорор во Словенија: Им ветиле плата од 10.000 евра, па ги затвориле во илегална фабрика за да работат како робови
КултураАмериканците ја враќаат во Ирак украдената глинена плоча со епот за ГилгамешДревната глинена плоча со пасус од приказната за Гилгамеш денес треба да се врати во Ирак.Позната како „Сонот на Гилгамеш“, на плочата е напишана сумерска песна стара 3600 години од епот за Гилгамеш. Епот е најстарото познато книжевно дело и било украдено од ирачкиот музеј за време на Заливската војна во 1991 година. Во изминатите 30 години, се криумчарела во бројни земји, главно со лажни документи, а до пред две години да се изложи во музеј во седиштето на американската влада. Подоцна денес, плочата ќе отпатува во својата татковина откако официјално е вратена во Ирак на церемонијата во Смитсонијан, Вашингтон. Песната за Гилгамеш е најстарата епопеја во светот. Делови од приказната за херојот-крал Гилгамеш може да се најдат и во Библијата. На плочата, епот е напишан со акадско, вавилонско писмо, кое се користело во Месопотамија пред илјадници години. Епот е откриен во 1853 година кога 12 плочи со оваа приказна биле пронајдени во урнатините на библиотеката на асирскиот крал Ашурбанипал, во северен Ирак. Приказната содржи легенди и песни за кралот Гилгамеш од Урук, владетелот на Урук, област во денешен јужен Ирак. Митот се базира на вистински крал кој владеел од 2800 до 2500 година п.н.е Кралот Гилгамеш бил полубог со натчовечка сила и моќ што ги наследил од својата мајка. Со помош на неговиот пријател, го убил Небесниот бик, кој претставувал насилство на боговите и се обидел да ја открие тајната на вечниот живот. Во друга авантура, тој отишол до дното на морето за да добие растение кое дава вечен живот, кое потоа му го украла змија. Плочата со сегментот од соништата е дел од епопејата во која Гилгамеш и` го опишува на мајка си сонот што го видел и го толкува како доаѓање на нов пријател од пустината. Исто така, постои приказна за жена која го носи пријателот на Гилгамеш во логор на овчари за да има секс - се верувало дека сексот има смирувачки ефект врз „дивите“ луѓе. За време на Заливската војна во 1991 година, плочата со приказната за сонот на Гилгамеш била украдена од музеј во Ирак. Не е познато што се случило со плочата до 2003 година, кога продавач на антиквитети ја купил, валкана и нечитлива, од дилер за монети во Лондон. Тогаш дилерот ја испратил плочата, со големина на iPhone, во САД по пошта. Кога пристигнала во Соединетите држави, било утврдено дека тоа е дел од епот за Гилгамеш. Дилерот потоа ја продал на друг купувач во 2007 година со лажен сертификат за потекло, наведувајќи дека плочата била во кутија со древни бронзени фрагменти купени во 1981 година. Плочата била продадена и купена неколку пати на аукции во различни земји, пред да биде купена на приватна аукција во 2014 година од конзервативната христијанска уметничка компанија „Хоби лоби“. Компанијата платила повеќе од 1,67 милиони долари за плочата изложена во Библискиот музеј во Вашингтон. „Хоби лоби“ била казнето со милиони долари во 2017 година за погрешно обележување на илјадници ирачки предмети набавени од нивниот музеј. Предметите биле прошверцувани во САД преку Обединетите Арапски Емирати и Израел, со лажни потврди дека станува збор за „керамички плочки“. "Компанијата е нова за сето ова и не ги разбира целосно сите компликации од процесот на набавка на предмети. Ова резултираше со непростливи грешки", соопштиле тогаш од „Хоби лоби“. Истата година, кустосот на музејот започна да го истражува потеклото на плочата и музејот ја известил ирачката влада дека тие поседуваат дел од епот за Гилгамеш. Кога било доведено во прашање потеклото на плочата, Музејот повел правна постапка против аукциската куќа Кристи, која ја организирала аукцијата, тврдејќи дека им доставиле лажни информации. Кристи негирале дека знаеле дека предметот е набавен илегално. Во 2019 година, американските агенти ја запленија плочата од музејот. Во јули, федерален судија на САД наредил нејзино враќање во Ирак. Плочата е една од 17.000 ограбени антиквитети за кои САД се согласиле да се вратат во Ирак. „Со враќање на овие нелегално набавени предмети, властите во Соединетите држави и Ирак им овозможуваат на Ирачаните повторно да се поврзат со нивната историја“, рече Одри Азулеј, генерален директор на УНЕСКО. „Ова е голема победа над оние што го намалија наследството, а потоа го продадоа за финансирање на насилство и тероризам“, додаде таа. Кога ќе пристигне во Ирак, плочата ќе биде испратена до Националниот музеј во Багдад, каде што соништата на кралот Гилгамеш повторно ќе почиваат во неговиот вистински дом, пишува Би -Би -Си.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаЕвропа и натаму зависи од американските ракети за поставување сателити- разликите се огромни Европа во своите ракетни програми далеку заостанува зад САД и ќе продолжи да зависи од американските ракети за лансирање сателити во орбитата во годините што доаѓаат.Европа во своите ракетни програми далеку заостанува зад САД и ќе продолжи да зависи од американските ракети за лансирање сателити во орбитата во годините што доаѓаат, изјави за Ројтерс извршниот директор на полскиот производител на сателити Creotech Instruments, Гжегож Брона. Минатата година, во светот беа извршени вкупно 324 лансирања во Земјината орбита, од кои САД извршија дури 193, а Европа само осум. Само Starlink изврши 122 лансирања, според податоците од Европската вселенска агенција. Кина изврши 93 лансирања, што претставува 25 проценти од вкупниот број, според ESA. Creotech не вклучува американска технологија во своите сателити за да ги избегне законите за извоз на оружје на САД, кои му дозволуваат на Вашингтон да ја блокира продажбата на сателити ако содржат делови произведени во САД. Но, сателитите на Creotech продолжуваат да достигнуваат орбита на американски ракети, вклучувајќи четири што компанијата ги изгради за програмата MikroGlob на полската војска и ги лансираше Starlink. Европа сè уште зависи од американските сателити Европската индустрија може да произведе илјадници сателити, но сè уште нема компанија што би ги лансирала во орбитата, наведува раководителот на полската компанија. „Европа, секако, се буди“, додава Брона, истакнувајќи ги новите европски ракетни програми, вклучувајќи ја и германската, но изградбата на доволен број ракети веројатно ќе трае десет години, предупредува тој. Во посебна изјава, директорот на полската компанија рече дека ЕУ веќе започнала програми за инсталирање на неколку големи сателитски констелации и Креотек има намера да испрати понуди на тендери. Производителот на сателити планира да отвори објект во 2029 година со годишен производствен капацитет од 40 сателити од различни типови или до 100 сателити од ист модел. Во моментов, компанијата има објект со капацитет од 10 сателити годишно. „Кротех“ ќе започне со отворање филијали во Франција и Германија во наредните недели, додаде Брона, истакнувајќи дека компанијата има намера да започне со производство на сателити со тежина од 500 килограми до 2032 година. Приходот за следната година е веќе загарантиран, а компанијата веројатно ќе потпише уште неколку договори во рок од шест месеци, изјави директорот на полската компанија.Тагови: ракети сателити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаДвајца им се предале на властите по пробивањето на заштитната ограда на аеродромот во Лајпциг (ВИДЕО)Двајца мажи се предадоа на германската полиција откако со автомобилот поминале низ безбедносна ограда на аеродромот во Лајпциг. Инцидентот привлече внимание бидејќи на истиот аеродром во август се случи напад со беспилотно летало, за што германските власти ја обвинуваат Русија, пишува АП. Полицијата во Лајпциг денес објави дека двајца мажи, на возраст од 20 и 32 години, се предале синоќа. Помладиот маж изјавил преку својот адвокат дека ја изгубил контролата врз возилото претходната ноќ додека возел во близина на аеродромот и удрил низ ограда. 🚨 BREAKING: Unknown individuals ram fence near Russian cargo planes at Leipzig airport According to Bild, the aircraft in question are three cargo planes that have been banned from taking off since the war began. Reuters’ report makes no mention of Russian planes, but it does confirm a large-scale police operation. Investigators believe a vehicle likely broke through the fence. Police described it as a “security-related incident.” Leipzig/Halle airport closed its northern runway and suspended flights on the northern side of the airfield. On August 4, a high-profile incident occurred at the same airport: a drone equipped with explosives was found near Ukrainian cargo planes. The German government blamed Russia for the alleged sabotage attempt. — NEXTA (@nexta_tv) October 18, 2026 Потоа, тој избегал од местото на несреќата и повикал служба за влечење за да го отстрани автомобилот. Полицијата утврдила дека 20-годишникот нема возачка дозвола. 32-годишникот потврдил дека е сопственик на автомобилот, но не дал никакви дополнителни детали. Возилото е запленето и истрагата продолжува. Дупка во оградата Германските власти истражувале како е создадена голема дупка во оградата на аеродромот, а штетата била откриена завчера околу 23 часот. Првичните докази укажувале дека возилото пробило ограда од јавниот пат. Службите за итни случаи што ја пребараа областа не го пронајдоа ниту возилото ниту натрапниците. Во август, на овој аеродром се случи напад со беспилотно летало натоварено со експлозив. Германските власти ја обвинија Русија за чинот, што Москва го негираше.Тагови: аеродромот лајпциг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЗабаваНајпопуларната инфлуенсерка ги воодушеви сите во Лос Анџелес со длабокото деколте (ВИДЕО)На забавата по овогодинешната модна ревија на „Викторијас сикрет“, одржана во Лос Анџелес, немаше недостиг од смели модни изданија. Откако покажаа прекрасна долна облека и препознатливи ангелски крилја на пистата, многу познати девојки ја продолжија забавата, а некои избраа подеднакво предизвикувачки комбинации за пригодата. Меѓу нив беше и Ирина Шајк, која се појави во црн градник и проѕирни црвени панталони со низок струк, а под нив се гледаа гаќички. Нејзиното издание привлече големо внимание, но таа не беше единствената што одлучи да покаже малку повеќе кожа. Аликс Ерл во мини фустан со длабоко деколте Американската инфлуенсерка Аликс Ерл (25) исто така привлече внимание, која за забавата избра краток црн фустан со долги ракави со особено длабоко деколте што се спушташе речиси до папокот. Минималистичката, но многу смела манекенка ја нагласи својата фигура, а комбинацијата ја надополни со црни чевли со високи потпетици, мала црна чанта и пристоен накит. Косата ја држеше спуштена, а остатокот од изгледот го држеше едноставен, дозволувајќи фустанот да зборува. @alixearle mantra 💋💋💋💋💋 ♬ Housewife - Tate McRae Фустанот е достапен во Revolve Аликс носеше црн двостран мини фустан од брендот Peik Helsa, кој се продава на Revolve за 315 евра. Изработен е од лесен вискозен материјал, а благодарение на реверзибилниот крој, може да се носи со длабок преден или заден дел.Тагови: деколте инфлуенсерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter