Американци пресретнале брод полн со иранско оружје, наменето на Хутите - Канал 5

Американци пресретнале брод полн со иранско оружје, наменето на Хутите

Централната команда на САД (CENTCOM) денеска објави на X, дека бродот на американската крајбрежна запленил „напредно конвенционално оружје и друга смртоносна помош“ со потекло од Иран.

Американци пресретнале брод полн со иранско оружје, наменето на Хутите

Смртоносниот товар бил запленет на брод во Арапското Море, кој се движел кон областа на Јемен контролирана од исламистичките бунтовници Хути.

Во соопштението се вели дека бродот USCGC Clarence Sutphin Jr од класата Сентинел на крајбрежната стража го лоцирал бродот и американските сили се качиле на него. Откриени се повеќе од 200 пакети кои содржеле компоненти за балистички ракети со среден дострел, експлозиви, компоненти на беспилотни подводни и површински возила, воена комуникациска и мрежна опрема, склопови за фрлачи на противтенковски наведувани ракети и други воени компоненти.

Директното или индиректното снабдување, продажба или пренос на таква помош ја прекршува резолуцијата 2216 на Советот за безбедност на ОН, соопшти американската војска.

„Ова е уште еден пример за злонамерната активност на Иран во регионот“, рече генералот Мајкл Ерик Курила, командант на ЦЕНТКОМ. „Нивното континуирано снабдување со напредно конвенционално оружје за Хутите е директно кршење на меѓународното право и продолжува да ја поткопува безбедноста на меѓународната пловидба и слободниот проток на трговија“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат...  

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното.

„Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“

Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година.

„Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“

Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата

Поскапувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте. И тоа не зависи ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата

Според споредбените пресметки, граѓаните во Софија плаќаат за 18 проценти поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44 проценти, во Белград за 81 процент, а во Љубљана за дури 86 проценти.

Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари.

Разбираме дека секое зголемување на цените претставува дополнителен трошок за граѓаните, но фактите и регионалните споредби покажуваат дека цената на централното греење во Скопје и натаму е значително пониска од цените во повеќе главни градови во регионот.

СДС и понатаму тоне во сопствениот талог, криминален ум и безидејност, без никаква корист за граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер