Амбасадорот во Турција, Андриј Сибих, е новиот шеф на дипломатијата на Украина

Украинскиот парламент денеска го одобри именувањето на Андриј Сибих, поранешниот амбасадор во Турција, за нов министер за надворешни работи, соопштија двајца пратеници во украинскиот парламент.

Сибих (49) на местото шеф на дипломатијата го замени Дмитро Кулеба, чиј заменик беше од април, јавува агенцијата АП, на која украинските пратеници Јарослав Железњак и Олексиј Хончаренко потврдиле дека парламентот гласал за именување на Сибих.

Сибих претходно работел во кабинетот на Зеленски, каде што се занимавал со надворешни работи и стратешки партнерства, а аналитичарите не очекуваат дека ќе има промена во надворешната политика на Украина и покрај промените, наведува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска побара од парламентот да го потврди назначувањето на Андриј Сибих за нов министер за надворешни работи, откако Врховниот совет за труд ја прифати оставката на претходниот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба.

Се очекува Собранието да именува уште осум нови министри во рамки на промената на функциите на шефот на владата.

Номинацијата на Сибих е дел од најголемата реконструкција на украинската влада од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Двајца вицепремиери и неколку министри поднесоа оставки во последните два дена.

ВИВА со гордост ја претставува новата категорија на производи – Viva la Cucina!

Компанијата ВИВА, позната по својот врвен квалитет и иновации во индустријата за пијалаци во изминатите 30 години, го проширува своето портфолио со нова категорија на производи „Viva la Cucina“, која вклучува повеќе типови кечапи и доматни сосови

Новите производи од „Viva la Cucina“ претставуваат комбинација од премиум квалитет и практичност, задржувајќи ги богатите традиционални вкусови и значително олеснувајќи го секојдневното готвење и подготовката на зимници. Категоријата „Viva la Cucina“ е создадена со идеја да одговори на предизвиците на современото динамично секојдневие, кога времето е ограничен ресурс, а обврските се бројни.

Сите производи од оваа категорија се направени од најсочните и внимателно одбрани македонски домати, со цел да донесат автентичен вкус и кулинарска иновација во секоја кујна. „Viva la Cucina“ вклучува пет извонредни вкусови: благ и лут кечап, како и благ (класик), лут (чили) и медитерано (со зачини) доматен сос.

Петте типа на кечапи и доматни сосови се спакувани во практични флексибилни амбалажи со капаче, кои овозможуваат брза и лесна употреба, максимална искористеност и зачувување на вкусот и квалитетот.

„Нашата мисија е да создадеме производи кои не само што внесуваат свежина и иновација во секојдневното готвење, туку и будат задоволство преку вистинските, автентични вкусови на нашето поднебје. „Viva la Cucina“ е резултат на нашата целосна посветеност кон врвниот квалитет и страста со која создаваме нешто посебно за секое семејство, за секоја трпеза,“ велат од менаџментот на ВИВА.

Новата производствена линија е достапна во продажба од почетокот на оваа година, а за првпат беше претставена на годинешниот настап на ВИВА на светскиот саем за храна и пијалаци „Gulfood“, кој се одржа во Дубаи.

Во своето 30-годишно постоење, ВИВА континуирано инвестира во развој на своето портфолио, нудејќи квалитетни, практични и иновативни производи на пазарот. Доматните сосови и кечапите се веќе втора категорија со која ВИВА го проширува своето портфолио оваа година, по успешното лансирање на петте различни вкусови на „Viva Smoothie“.

Киелини доби менаџерска улога во Јувентус

 Поранешниот долгогодишен фудбалер и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во италијанскиот гигант во улога на менаџер.

„Се вратив дома, во друга форма и улога, Јувентус е дел од мене“, објави синоќа Киелини на социјалните мрежи.

Тој ќе ја извршува административната улога на директор за институционални односи на Јувентус.

Киелини со Јувентус одигра 561 натпревари, а освои девет титули во Серија А, пет во Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампиони (2015, 2017).

Киелини ја заврши својата фудбалска кариера минатата година, додека настапуваше за Лос Анџелес./МИА

Индија наскоро ќе го започне со години одложуваниот попис

Индија наскоро ќе го започне својот тригодишен одложен попис, објави денеска индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах, цитиран од британските медиуми.

Националниот попис, кој се спроведува еднаш во деценијата, требаше да се спроведува во 2021 година, но беше одложен и поради пандемијата на Ковид-19 и поради технички и организациски причини, соопшти агенцијата.

Владата на индискиот премиер Нарендра Моди има за цел да пополни значајни празнини во податоците за населението на земјата во третиот мандат на премиерот по долгогодишни критики за ова прашање. За новата студија на Индија ќе и бидат потребни околу 18 месеци./МИА

притисни ентер