Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови - Канал 5

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови

Амбасадорот на Кина во Белград, Ли Минг, наведува дека обидите на некои земји да се мешаат во кинеско-српската соработка претставуваат блоковска политика и судири на табори, како и одраз на „размислување од Студената војна“. 

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови

Во интервју за најновиот број на НИН тој вели дека тие земји, наместо неоправдано да ги критикуваат другите, треба да го заземат правилниот пристап и да дадат вистински придонес во развојот на Србија.

Ли Минг изјави дека економската и трговската соработка на Кина со која било земја или регион во светот, вклучително и Србија, никогаш не е водена од геополитичка конкуренција или целта за воспоставување „сфера на влијание“, туку е насочена кон заемна корист и заеднички развој.

„Сите земји имаат право самостојно да го изберат својот пат на развој, како и слободно да ги изберат своите партнери за соработка. Соработката меѓу земјите треба да биде величествена симфонија на хармонија, а не затворени и ексклузивни кругови“, рече Ли Манг.

Во врска со американската забрана за увоз на производи на „Линглонг“ од фабрика во Србија и воведувањето ограничувања на квотите и високи тарифи за увоз на кинески челик од ЕУ, кинескиот амбасадор изјави дека ова се типични примери на протекционистички мерки, што се спротивни на принципите на пазарната економија и правилата на меѓународната трговија.

Според него, таквите мерки не само што ги поткопуваат стабилноста на регионалните индустриски синџири и економскиот развој туку и не придонесуваат за подобрување на сопствената индустриска структура и зголемување на конкурентноста.

„Кина постојано се залага за решавање на несогласувањата преку дијалог и консултации врз основа на пазарните принципи и економските закони, се спротивставува на политизацијата и прекумерната секјуритизација на трговските прашања и очекува релевантните страни да ги набљудуваат кинеските компании и кинеско-српската соработка со поголема отвореност и рационалност верувајќи дека граѓаните во Србија нема да бидат заведени од индивидуални антикинески наративи“, рече Ли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив

Мајка на две девојчиња со аутизам кои образованието оваа учебна година го почнале во редовно училиште открива дека досега се уште на наставата немаат образовен асистент, и самата мора да седи на училиште со нив....

Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив

Мартина Младеновски е мајка на две првачиња со аутизам од основното училиште „Братсво“ во скопски Карпош..Нејзините две девојчиња се уште немаат образовен асистент вели таа, и низ солзи вели дека е приморана да биде со нив на училиште... Младеновски вели дека покрај голготата што ја поминала во првите седум години од нивниот живот без никаква поддршка, сега, иако навреме ги запишала децата на училиште, учебната година им почнува без асистент.

– Од школото е поднесено барање за образовен асистент уште на 26 мај, но таму до ден денеска, еве денеска сме 10 септември нема никаков одговор. Засега седам јас со нив додека не се обезбеди соодветната поддршка . Сето тоа е премногу напорно, јас како што и кажав, јас седум години ги пополнувам дупките што системот ги прави се за добробит на девојчињата.

Од ресорното Министерство пак велат дека годинава се ангажирани рекорден број на образовни асистенти, но и дека е во тек постапка за да се обезбедат и нови таму каде што се уште има потреба. Во меѓувреме, од МОН ги задолжуваат училиштата да ги искористат ресурсите за да ги пополнат овие дупки.

„Во тековната учебна година се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основното и за прв пат 166 во средното образование. Во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица согласно пријавените потреби. До завршување на постапката, училиштата се задолжени да ги стават во функција сите расположливи кадровски и стручни капацитети за обезбедување континуирана поддршка на учениците со попреченост.“

Од ОУ „Братство“ велат дека и покрај доставеното барањ до ОУ Златен Сремец за ангажирање на двајца образовни асистенти, оттаму до денеска не добиле одговор. Иако го контактиравме училиштето, од уилиштетео не добивме одговор, до каде е постапката, најавија дека раководството ке соопшти од понеделник..

Инаку, Младеновски вели дека нејзините дечиња не се единствените кои немаат образовен асистент, и се надева дека ова ќе биде последна година во која ќе се соочуваат со вакво проблем.

– Од се срце посакувам ова да биде последна година во којашто ќе бидеме ставени во ситуација да излегуваме јавно и да говориме на оваа тема. Порака до сите родители е да бидат издрживи – тие дечиња имаат толку љубов во нив и толјку се сакани што им посакувам на сите родители да го издржат товарот што им е доделен да го носат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска

Министерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. 

Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска

Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот.

На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната.

Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии.

„А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски.

Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причини

Директорот на затворот Скопје  Бобан Утковски, поднесе оставка, а како што и самиот потврди за Канал 5, оставката била поради лични причини.. 

Директорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причини

Утковски не сакаше да открива повеќе детали. Од Владата потврдуваат дека Утковски ја доставил оставката и информираат дека истата ќе биде предмет на разгледување на некоја од наредните седници, а јавноста ќе биде информирана откако ќе биде назначен негов наследник.

На седница на Влада предлог за нов директор на затворот во Шутка ќе треба да достави директорот за извршување на санкции Александар Пандов, кој за Канал 5 изрази надеж дека наследникот на Утковски ќе биде избран во најкус можен рок.

Утковски беше именуван за в.д. Директор на скопскиот затвор во јули 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер