Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
МакедонијаАмбасадорот Михалис Рокас оствари официјална посета на Општина Крива ПаланкаПосетата започна со средби меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Сашко Митовски.Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денес оствари официјална посета на Општина Крива Паланка како дел од иницијативата за информирање на јавноста која има за цел да ја доближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните граѓани. Посетата започна со средби меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Сашко Митовски, а подоцна амбасадорот се сретна со општинскиот Совет. На средбите се дискутираше за придобивките од пристапување во ЕУ и конкретното влијание на помошта од ЕУ врз секојдневниот живот на граѓаните од регионот. Градоначалникот Митовски се заблагодари за сите досегашни проекти на територијата на Општина Крива Паланка финансирани од ЕУ, по кои општината е препознатлива и важи за лидер во државата во искористување на ЕУ-фондовите. Митовски посочи дека Крива Паланка има капацитет за подготовка и имплементација на ЕУ проекти, активно учествува на сите достапни програми од ИПА програмата за прекугранична соработка, со Косово, Бугарија и Србија, а само во 2025 општината работи активно на шест прекугранични проекти. - Крива Паланка е лидер во државата во искористување на средства од ЕУ фондовите со реализирани над 20 проекти – почнувајќи од ФАРЕ-КАРТС програмата, преку разни компоненти на ИПА и ИНТЕРЕГ програмите, со кои во општината се инвестирани над 4 милиони евра. Само во овој момент со проектите што се потпишани и се во фаза на реализација во Крива Паланка добива над 1 милион евра од граѓаните на Европската Унија, за што уште еднаш ќе упатам благодарност до амбасадорот Рокас. Високиот број проекти е доказ дека општината има капацитет да ги ползува придобивките од помошта на ЕУ и овие значајни средства директно се инвестираат и влијаат врз подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, изјави Митовски. Еден таков проект, рече, на кој особено е горд, е проектот ПАРКОВИ ( PАRKS ) со кој Крива Паланка добива нов, урбан зелен парк на површина од над 2000 квадратни метри. Уредена е локација - нова зелена оаза во градот, каде граѓаните од разни генерации ќе имаат можност да поминат квалитетно време, младите да се радуваат и да уживаат. Евроамбасадорот Рокас ја потенцираше важноста на доброто управување на ЕУ проектите во Крива Паланка. -Задоволство ми е што ЕУ проектите се добро управувани и им даваат резултати на граѓаните. Задоволство ми е што вечерва ќе го отвориме урбаниот зелен парк, кој е финансиран од ЕУ преку прекуграничната програма на Европската Унија. Овие проекти ги зближуваат луѓето, но исто така им даваат на младите причини да останат. Крива Паланка е дел од Коридорот 8 и се надеваме дека овој стратешки проект ќе донесе зголемен развој за градот, рече амбасадорот Рокас. По средбата амбасадорот учествуваше на сесија со младите во Европската куќа, разговараше со членовите на локалниот младински совет и младите европски амбасадори, истакнувајќи ја посветеноста на ЕУ на засилување на младите во регионот. За време на посетата Рокас ќе присуствува на свечено отворање на зелениот парк во Крива Паланка, лоциран кај комплексот згради кај градски зелен пазар, проект поддржан од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија, финансирана од ЕУ, во рамките на приоритет 1: „Позелен граничен регион“. Паркот е дизајниран да го промовира урбаниот биодиверзитет и да обезбеди рекреативни простори за жителите, служи како модел за одржливи зелени иницијативи во урбаните средини.Тагови: Рокас Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter