БалканАмбасадорот Каскарелис е новиот шеф на дипломатијата во службената Влада на ГрцијаКаскарелис е почесен амбасадор, поранешен постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, но и поранешен грчки амбасадор во САД. Наша главна грижа е и ќе остане ефикасната одбрана на нашите национални интереси, порача почесниот амбасадор Василис Каскарелис, откако и официјално ја презеде функцијата министер за надворешни работи во службената Влада на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкото МНР, сега веќе, поранешниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас му ја предаде должноста на Каскарелис и во кусото обраќање пред присутнитесе осврна на надворешната политика во изминатите четири години додека беше на функција. Дендиас рече дека работеле целосно посветени на меѓународното и морското право и секогаш имајќи го дијалогот како средство за решавање на разликите. Се осврна на потпишаните меѓународни стратешки договори, како и на оние за одредување на Ексклузивните морски зони, но и на односите со Турција за кои рече дека е создаден прозорец на можност, изразувајќи желба дека „овој мал прозорец може да стане голема порта“. Новиот шеф на дипломатијата истакна дека многупати досега се нашол во Министерството за надворешни работи, но прв пат е во улога на министер, посочувајќи дека по 40 години се враќа во неговиот, како што рече, втор дом. -Мојата цел е да се гарантира беспекорното меѓународно претставување на земјата и целосно да одговориме на нашите меѓународни обврски на билатерално ниво, како и на ниво на меѓународните организации и иницијативи. Се подразбира дека главна грижа на сите нас е и ќе остане ефикасната одбрана на нашите национални интереси, истакна новиот грчки МНР во службената Влада. Каскарелис е почесен амбасадор, поранешен постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, но и поранешен грчки амбасадор во САД, а на позцијата службен министер за надворешни работи ќе биде до изборите на 25 јуни. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во РијадЕдно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти. 🔴 Exclusive footage obtained by Al Arabiya English shows Umrah pilgrims preparing to board their flights as the Houthi attack struck Riyadh’s King Khalid International Airport. https://t.co/Ws92NujHKd — Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 11, 2026 Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала. 🇺🇸🇸🇦 The FAA is now warning American airlines that flying over Saudi Arabia could be dangerous at any altitude. The warning follows Houthi strikes on Riyadh's international airport that killed 13 people and wounded more than 300. The FAA is also concerned about interference with aircraft navigation systems, and Riyadh's airport remains closed. What's particularly worrying is that Saudi Arabia's main international gateway is now facing the kind of aviation risks the kingdom has spent years trying to contain. Delta is supposed to launch direct Atlanta-Riyadh flights on October 23. That decision just became considerably more complicated. Source: Reuters / Writer: Oliver — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 12, 2026 Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени. Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија. Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и ДебарОд денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook