ЗдравјеАмбасадорот Карло Ромео: Италија одлично се справува со Ковид-19, но се шират лажни вести кои и штетат на земјатаСамо 0,05 проценти од италијанската територија и 0,089 отсто од италијанското население подлежат на рестриктивни мерки.Италија се соочува со деликатна ситуација што зафаќа глобални размени, но, како што оцени италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео во интервјуто за МИА, италијанската Влада навремено реагирала на вонредната состојба предизвикана од опасноста од епидемијата од Ковид 19, што беше позитивно оценето од Светската здравствена организација и од Европската Унија. Само 0,05 проценти од италијанската територија и 0,089 отсто од италијанското население подлежат на рестриктивни мерки. Состојбата, како што посочи Ромео, не е толку сериозна како што е опишано во некои медиуми, со оглед на тоа дека 80 отсто од заразените имаат само благи симптоми, 15 проценти закрепнуваат преку медицински третман и само пет отсто имаат посеризно симптоми, честопати како последица од претходно компромитирана здравствена состојба. Италија се соочува со најголем број заразени со коронавирус во Европа, а не е мал и бројот на смртни случаи. Се спроведуваат бројни мерки, но затаи ли некаде здравствениот систем и дали се утврдени причините за таквата состојба? – Од првиот ден, од кога избувна кризата на 23 февруари во Италија се преземени драстични мерки за намалување на опасноста од ширење на заразата. Италијанската Влада одлично се справува со состојбата созадена со корона вирусот, максимално е транспарента и е во постојана комуникација со меѓународните партнери. Владата соработува со соседните земји со цел усогласување на протоколите и да се усвојат еднакви постапки за контрола врз лицата кои влегуваат во односната земја, нагласи Ромео. Тој посочи дека во Италија се спроведени над 21.000 тестирања по пат на брис, што е далеку поголем број од она што се спроведува во другите европски земји, а процентот на позитивни случаи изнесува околу 4,8 проценти. – Бројот на заразени е нашто над 2.000 лица, бројот на целосно закрепнати е 149 лица и е во постојан пораст, што е прилично голема бројка. Бројот на починати лица е 52, наведе Ромео. Тој посочи дека се во постојана комуникација со италијанското Министерство за надворешни работи и за меѓународна соработка и оти постојано добиваат ажурирани информации за состојбата во Италија со цел истите да ги споделат со локалните власти. Во однос на состојбата на терен, Ромео истакна дека ситуацијата се одвива со голема брзина и постојано се менува. Изрази надеж дека оваа недела ќе биде значајна бидејќи, како што рече, ќе започнат да се гледаат резултатите од строгите мерки што ги презема италијанската Влада со цел намалување на зоните каде се среќава ширењето на заразата и забавување на брзината со која се шири. – На 2 март Владата донесе нова уредба со мерки на претпазливост кои имаат за цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот, рече италијанскиот амбасадор. Дали е утврдено како се заразил првиот пациент со коронавирус во Италија? Сите кинески туристи кои први беа хоспитализирани во Рим и беа позитивни на коронавирус, откако беа згрижени на лекување во Националниот институт за заразни болести „Лазар Спаланцани", потполно се опоравени. Има ли некакви најави за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, освен тие мерки што веќе се спроведуваат? – Мерките се во тек, некои ќе бидат на важност до 8 март, некои до 15 март. Се разбира дека се ќе зависи од развојот на настаните. Доколку се увиди дека се намалува брзината на ширењето на заразата, како што сите се надеваме, тогаш се разбира дека ќе се адаптираат мерките на новонастанатата состојба, но како што знаете се е во постојано движење, одговори Ромео. Тој наведе дека италијанската Влада постојано соработува со соседните држави со цел да ги усогласи протоколите за контрола на патниците кои ги преминуваат границите и да се усвојат еднакви и единствени постапки за контрола врз лицата кои се разминуваат меѓу овие држави. Каква е поддршката на меѓународната заедница за вашата земја во напорите за справување со коронавирусот и каква е соработката меѓу италијанските и македонските здравствени власти? – Италијанската Влада е во постојано соработка и комуникација со меѓународните партнери, но за жал сведоци сме на загрижувачко ширење на лажни вести, различни алармирачки и загрижувачки информации кои се шират за состојбата во Италија, кои сепак не се во согласност со ситуацијата во Италија што е значитено во многу голема мера ограничена на само многу мал број општини и многу мал дел од италијанската територија, нагласи Ромео. Италијанскиот амбасадор, додаде дека начинот на кој што се претставува ситуацијата во Италија во странските гласила и прави голема штета на државата. – Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка Димајо, во едно интервју денеска, изјави дека италијанската Влада ќе реагира на оваа ситуација и ќе побара да се смени пристапот на кој се третираат информациите во врска со тоа што се случува во Италија. Се разбира дека сите странски авторитети се слободни да преземаат мерки, рестрикции кон италијанските граѓани, кон Италија, меѓутоа се надевам дека пријателските земји, ќе преземаат мерки кои се засноваат на рационалност, на дијалог и на размена на информации и оти нивните мерки ќе се основаат пред се на објективни податоци и научни сознанија, потенцираше Ромео. Во однос на соработката со македонските здравствени власти, амбасадорот нагласи дека имаат постојани контакти и оти се се одвива во најдобар ред. – Ние постојано имаме контакт со министерот за здравство на Македонија. Завчера, на пример, италијанскиот потсекретар за надворешни работи Иван Скалфарото оствари телефонски разговор со македонскиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, со цел да го информира за последните случувања во Италија. Жерновски се заблагодари за транспарентноста и одличната комуникација. Двајцата оценија дека е многу важна транспарентната комуникација со цел размена на точни информации, објасни Ромео. Тој оцени дека, вонредната состојба што се случи во Италија, ја покажа подготвеноста на здравствениот систем во земјата./МИА. – Здравствениот систем во Италија многу добро се справува со ситуацијата. Треба да нагласиме дека здравствениот систем – јавното здравство е бесплатно за сите граѓани, не само за државјаните на Италија туку и за странците. Сите се згрижени, сите се покриени со здравствена заштита. Така што може да се каже дека во глобала целата вонредна состојба се одвива релативно добро, оцени Ромео. Дали граѓаните на Италија сериозно ги сфатија повиците на Владата и на докторите да не се шири паника? Се празнат ли маркетите? Има ли покачување на цените на заштитните маски, на средствата за дезинфекција… – Постоеа изолирани епизоди на празнење на рафтовите од супермаркетите. Тоа се случи само првиот ден кога се појави веста за ширење на заразата во Италија и тоа беа само неколку ситуации кои не ја отсликуваат состојбата во целата држава. Едноставно некои луѓе сакаа само да се снабдат со поголема количина на прехранбени производи нешто што е ирационално, неоправдано, особено што ситуацијата во државата не наметнува таква потреба, одговори италијанскиот амбасадор во земјава. Во однос на покачувањето на цените на продуктите потребни за зашитита од вирусот, Ромео посочи дека станува збор само за една измама водена од некоја конкретна ситуација, што се открила благодарение на интервенција на финансовата полиција. Реагирано е и сега ситуацијата е под контрола. Што им препорачувате на македонските граѓани кои ги откажуваат аражманите во Италија? – Се разбира дека секој има право лично да одлучува за своите постапки. Меѓутоа, многу е важно одлуките да се носат рационално, а не ирационално. Јас се надевам дека мерките што италијанската Влада и што сите ние ги преземаме, за сузбивање на ширењето на оваа состојба, што побрзо ќе вродат со плод и се надевам дека Италија ќе успее да излезе од настанатата ситуација и повторно ќе биде земја во која што сите со задоволство ќе сакаат да одат по работа, туризам и задоволство, одоговори италијанскиот амбасадор. Европската комисија оцени дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорача на Европскиот совет да донесе позитивна одлука. Каква е вашата оценка, ќе добие ли Северна Македонија зелено светло за датум за почеток на преговори со ЕУ на Самитот на Европскиот совет на крајот на месецов? – Тоа е одлична вест, рапортот за Северна Македонија и за Албанија кој потврдува дека е постигнат одличен напредок на земјите на патот кон евроинтеграциите. Ние како Италија тоа го очекувавме. Сметаме дека конечно постојат сите услови за Северна Македонија да го добие датумот за преговори. Не дека претходно условите не постоеја, тие постоеја и во октомври минатата година и во јули минатата година. Меѓутоа, сега веќе сите оние пречки што постоеја сметаме дека се надминати и дека конечно можеме да очекуваме отворање на преговорите. Двата елементи кои се очекуваа во меѓувреме – ревизијата на методологијата беше прифатена, односно беше позитивно оцената од сите земји членки на Унијата и вториот елемент беше оваа препорака – документ кој го очекувавме да излезе од Европската комисија, кој е позитивен и ги препознава сите напори кои државата ги вложи во постигнување на резултатите во реформите и во сето она што од неа беше побарано. Ние како Италија сметаме дека не постојат повеќе изговори за понатаму да се одложува датумот за преговори. И се надеваме, очекуваме дека тоа ќе се случи во Загреб, оцени италијанскиот амбасадор. На повидок е нова мигрантска криза. Подготвени ли се земјите од ЕУ за евентуален мигрантски бран, имајќи го предвид фактот што илјадници мигранти се на грчко-турската граница. Дали Италија е подготвена за нов бран мигранти? – Пред се, се надевам дека нема да има нова мигрантска криза, дека нема да се отвори повторно ова големо прашање на истиот начин. Вчера на турско-грчката граница имаа мисија претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет и претседателот на Европскиот парламент. Тие таму се сретнаа со цел да видат на лице место каква е ситуацијата и да соочат со состојбата за да може потоа да се изнајдат соодветни решенија за овој проблем. Оваа недела е свикано вонредно Собрание на министрите за надворешни работи на ЕУ, под хрватско претседателство и на колегите Хрвати им се заблагодаруваме за брзата реакција. Се работи веќе на случајот и се надеваме дека има простор да се најде најдобро решение за да може оваа ситуација да се реши веднаш. Како и сите други слични ситуации ќе се решава во тек на случувањето на работите во од, еве веќе работиме на случајот и оваа недела ќе се разговара на високо ниво, одговори Ромео.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00