Амбасадорот Ѓорѓи Филипов ќе ги координира експертите во спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор

Владата на денешната седница го назначи амбасадорот Ѓорѓи Филипов за координатор на експертите , кои ќе ги спроведуваат обврските од Преспанскиот договор.

На денешната, 140 редовна седница на Владата на РСМ го назначи амбасадорот, проф. д-р Ѓорѓи Филипов за координатор на Меѓународната група на експерти од Република Северна Македонија за трговски марки, и имињата и другите облици на интелектуалната сопственост, кои со колегите од Грција ќе работат за постигнување на взаемно прифатливи решенија за овие прашања, согласно обврските од Договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција потпишан на 17 јуни 2018 година, се наведува во соопштението од Владата.

Израелски медиуми јавуваат дека ИДФ ги одобриле плановите за операција во Рафа

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви ги одобри конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува Ynet Њуз.

Без да го наведе изворот на информацијата, сајтот тврди дека израелски тенкови се на границата на Газа и се подготвени да почнат операција со која Израел сака да ја искорени милитантната група Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

Во извештајот се вели дека планот за инвазијата се состои од неколку фази, а инвазијата може да биде суспендирана или одложена доколку се постигне напредок во разговорите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Надал: Да видиме дали сум способен да одиграм два тешки натпревара за два дена

 Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва ваква низа од летото 2022 година.

- Го издржав предизвикот. Веднаш по натпреварот не чувствувам болка, но не знам како ќе се разбудам. Мора да почекаме. Ќе видиме дали ќе можам да играм напорни натпревари во последователни денови. Се надевам дека е така. Но, ова е ново за мене. Долго време не сум имал такви оптоварувања за време на еден натпревар, изјави Надал.

Шпанскиот тенисер изрази задоволство од неговото учество на турнирот во Мадрид.

-Уживам да играм овде. Времето кога сум овде на теренот има многу вредност за мене, и на тениски и на емотивен план, призна Рафа Надал.

Ветеранот вечер од 21:30 часот ќе се соочи со Јиржи Лехечка од Чешка во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина.

Се зголемува бројот на загинати во нападот врз Одеса

Пет лица загинаа во вчерашниот руски ракетен напад врз градот Одеса во југозападна Украина, се вели во најновиот биланс објавен денеска од локалните власти.

Бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Одеса се искачи на пет, бидејќи едно лице почина во болница, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на социјалните мрежи.

Во нападот се ранети 23 лица и тие се уште се лекуваат, додаде тој.

Одеса, црноморско пристаниште од витално значење за украинскиот извоз, е честа цел на руски напади.

притисни ентер