МакедонијаАмбасадорките на Словачка и на Холандија: Реформите се од клучна важност за европските интеграцииСловачката амбасадорка Хрицова истакна дека Словачка, заедно со државите-членки на ЕУ цврсто стои зад земјава.Амбасдорките на Словачка и на Холандија, Ивета Хрицова и Узлем Џанел, на пленарната конференција на Националната конвенција за ЕУ во Македонија, што се одржа денеска во Собранието, упатија порака дека реформите се од клучна важност за европските интеграции, а дека владеењето на правото е клучна точка на пристапувањето во ЕУ. Словачката амбасадорка Хрицова истакна дека Словачка, заедно со државите-членки на ЕУ цврсто стои зад земјава, истакнувајќи дека освен силната поддршка и техничката и финансиска помош, го споделува и искуството што тие го стекнале на нивниот пат кон ЕУ. -Вашата држава повеќепати покажуваше дека има отпорност и способност да бара заеднички решенија дури и во времиња на предизвици и затоа Националната конвенција е од големо значење таа дава простор за инклузивна и експертска дискусија за реформите што се од клучна важност за европските интеграции. Ние многу добро знаеме колку е тешко да се зајакнат институциите, да се гради доверба да се спроведуваат реформи коишто ќе имаат трајно влијание. Исто така знаеме многу добро дека успехот е можен само кога реформите имаат широка поддршка меѓу граѓаните и кога тие можат јасно да ја видат нивната вредност, рече Хрицова. Таа посочи дека земјите-членки одблизу го следат напредокот во многу области, а клучните области како владеење на правото, независните институции и уставните прашања кои се поврзани со пристапниот процес не затоа што се формални барања, туку затоа што овие области се ‘рбетот на секоја стабилна демократија. Тие, додаде Хрицова, креираат доверба, привлекуваат инвестиции, и им даваат доверба на граѓаните дека државата функционира за нивна корист. -Јас сум свесна дека одлуките што ви претстојат се политички и екстремно чувствителни и многу сложени и многу тешки да се искомуницираат на граѓаните. Меѓутоа, тие исто така претставуваат можност. Секој чекор што зголемува транспарентност и го подобрува владеењето е чекор кон побезбедна и поевропска иднина за вашата држава. На денешната сесија гледам како на можност повторно да се афирмира споделената визија дека вашата држава припаѓа во европското семејство. Патот кон овие цели почива на соработката помеѓу владата, експертите и граѓанското општество. И само преку таква соработка реформите можат да бидат трајни, рече амбасадорката. Хрицова нагласи дека Словачка е подготвена и ќе продолжи континуирано да не поддржува, да споделува експертско знаење и да креира блиско партнерство. -Ние веруваме во потенцијалот на вашата држава и во заложбата на вашите институции и во стремежот на граѓаните кои сакаат стабилна и демократска држава во иднина, заклучи словачката амбасадорка. Холандската амбасадорка во земјава Узлем Џанел, посочи дека ваквите платформи на дијалог предлагаат начини да се надминат познатите предизвици и регионот да се придвижи кон ЕУ. Рече дека секоја од државите од регионот е на патот кон ЕУ но во различна фаза. Според неа, овогодинашните извештаи даваат добра проценка каде државите напредувале и каде немало напредок, најважно во борбата против корупцијата и против организираниот криминал. Дополнително, истакна, државите-членки, вклучитечно и Холандија кои се присутни во регионот ќе посветат значителни напори и ресурси да ги поддржат овие важни реформи. -Ова е приоротет за мојата држава, да видиме стабилен и просперитетен Западен Балкан, во рамки на ЕУ. И затоа мојата главна порака е ајде да не губиме скпоцено време. За Северна Македонија клучниот предизвик е да се отклучи формалниот почеток на преговори. Ние го делиме мислењето со ЕК дека овие уставни измени треба да се извршат и спроведат и посебно за Македонија и за регионот е важно да се заврши спроведувањето на потребните реформи и конкретните области се владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, но и реформите во јавната администрација, рече Џанел. Нагласи дека ова е конзистентна позиција на Холандија од самиот почеток и владеењето на правото е клучна точка на пристапувањето во ЕУ. -Исто така важен предизвик во претстојниот период е и да се забрза економскиот раст и да се приближи регионот поблзу до стандардот на ЕУ. Сите држави во регионот се соочуваат со јазови во пазарот на трудот, поголема миграција на младите, дополнително државите се многу зависни од увоз на енергија и имаат јазови во инфраструктурата...Овие предизвици не можат да се решат веднаш но важно е да се нагласи дека не треба повеќе да се губи време, рече холандската амбасадорка. Националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење Милева Ѓуровска истакна дека земјава повторно стои пред значаен и чувствителен чекор во европскиот процес, односно, формално, преговорите се отворени, но суштински стоиме таму каде што најмалку посакуваме. -Трезвено и одговорно, треба да признаеме дека ЕУ не успеа секогаш да обезбеди предвидливост и заштита на процесот. Но истовремено, мора да ја видиме и целината. ЕУ останува нашиот најголем економски партнер, најважен реформски сојузник, гаранција за стабилност и безбедност, со посебна поддршка за развојот на регионот. Граѓаните имаат право да очекуваат Европа да биде посигурна во своите пораки, а процесот – заштитен од нови блокади поради билатерални спорови. Меѓутоа, мора да признаеме дека дел од она што нè притиска и обесхрабрува го храниме и самите, преку нашите внатрешни слабости, меѓу кои: владеење на правото - многу значајно за да се подобри довербата кон институциите и недостиг од сериозен пристап за санкционирање на високата корупција, рече Ѓуровска. Според неа, пораката од Конвенцијата од овој панел е дека денес, повеќе од кога било, ни е потребен дијалог – транспарентен, инклузивен и фер кој ќе ја зајакне врската меѓу институциите и граѓаните, дијалог кој надминува изолацијата што раѓа паралелни вистини и овозможува да градиме заедничка слика за проблемите, независно од политичката наклоност. Додаде дека европскиот пат не треба да биде наплив на еуфорија или на скепса, туку внимателно и достоинствено движење кон крајната цел. Тагови: Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter