Амбасадата на Словенија и Creative Hub организираат прв Креатон - Канал 5

Амбасадата на Словенија и Creative Hub организираат прв Креатон

Creative Hub во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје и Делегацијата на Европската Унија го организира првиот креативен хакатон – „Creathon".

Амбасадата на Словенија и Creative Hub организираат прв Креатон

Креативци (графички дизајнери, веб дизајнери и маркетери) ќе работат на создавање стратегии за подобрување на дизајнот, веб страната и маркетинг стратегијата на мали и средни бизниси, кои преку своите производи и услуги го промовираат културното наследство на земјата.

– На заедничка иницијатива со амбасадорот на Република Словенија во Македонија Милан Јазбец сакаме да помогнеме на бизниси кои го промовираат културното наследство на земјата, како охридскиот бисер, филигранот, па дури и мала винарија која произведува вино и промовира македонски производи. За таа цел формиравме тимови од студенти од академиите на графички и веб дизајн и Академијата за маркетинг и ПР на Creative Hub кои заедно со ментори од Скопје и Љубљана 45 дена ќе работат на стратегии и дизајни за подобро претставување на овие компании што го промовираат културниот туризам на земјата. Накратко, креативното знаење на нашите студенти ќе го ставиме во функција на реална поддршка на оние кои ја промовираат културата на нашата земја, изјави Аријана Коскарова од Creative Hub.

Креатонот што ќе трае 45 дена ќе помине низ три фази, а со креативците ќе работат ментори од Creative Hub, но и од Академијата за ликовни уметности во Љубљана кој имаат за цел преку современи Design Thinking методи да ги насочат групите на создавање на оригинални и функционални стратегии за промоција на културниот туризам.

Во првата фаза на проектот 15 студенти од Академијата за графички дизајн на Creative Hub, Академијата за веб дизајн на Creative Hub и Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub ќе работат на истражување на пазар.

Ќе бидат селектирани пет компании од областа на промоција на културниот туризам тимовите ќе имаат 30 дена да изработат стратегија и 10 ментори ( од областа на брендирање, адвертајзинг стратегија, фотографија, веб дизајн, UX I UI design, дигитален маркетинг) од Скопје и Љубљана со кои ќе работат за време на проектот.

Завршните дизајни од проектот на 14 ноември ќе бидат презентирани на Самитот за креативни индустрии во Љубљана, а една недела подоцна и во Скопје.

Оргаизаторите најавуваат дека ќе има целосен пренос од процесот на имплементација во живо на Фејсбук страната на Creative Hub Macedonia како и на веб страната – www.creativehub.mk .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Кражба од пред еден век

Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко.

Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко.

Нова изложба во музејот „Конде“

Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници.

Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата.

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници.

Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив.

Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата.

Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер