КултураАмбасада на Грција: Проекција на грчкиот филм „Што ако“ (What If) во КинотекаАмбасадата на Грција во Скопје со задоволство ја најавува проекцијата на грчкиот филм „Што ако“ (What If), во режија на Христофорос Папакаљатис, во сабота, 31 јануари 2026 година, во 20:00 часот, во Кинотека (ул. Никола Русински бр. 1, Скопје)Настанот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има за цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија. Филмот „What If“, е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата „Netflix“ серија „Maestro in Blue“. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следи приказната на Димитрис, 33-годишен ерген кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар по име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот, прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две различни перспективи. Влезот е бесплатен, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Тагови: Амбасада на Грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски до Путин: Русија повторно избира војна наместо мирПропадна обидот Путин и Зеленски да седнат на преговарачка маса, откако рускиот лидер категорично го отфрли повикот на украинскиот колега, а на терен продолжија борбите.Украина со 86 дронови го нападна Санкт Петербург, додека руските сили возвратија со воздушни напади околу Запоржје, каде загинаа две лица. -Не гледам смисла за средба. Имам чувство дека украинската страна сака да го запре напредокот на нашите вооружени сили. Нам ни требаат договори. Во однос на воените дејствија, тие еден ден ќе завршат, безусловно ќе завршат кога ќе ги постигнеме поставените цели, изјави Путин. Зеленски изјави дека со тоа што неговиот рускиот лидер одбил директни преговори, избрал продолжување на војната. -За жал, руската страна уште еднаш избра војна. Сите го слушнаа одговорот денеска. Слаб одговор. Тој едноставно не сака крај на војната. Многумина во светот сега се разочарани од таквиот одговор. Тој не сака ништо да промени и не сака да признае дека оваа војна му се допаѓа само нему и на оние кои заработуваат пари од него, заклучи Зеленски. Неговата изјавата следи откако тој вчера преку отворено писмо го повика Путин на средба лице в лице за ставање крај на војната, но Путин одби, истакнувајќи дека разговорите би немале цел пред да биде финализиран мировниот договор..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизШакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос АнџелесСветската музичка ѕвезда, Шакира и Бурна Бој ќе ја изведат официјалната песна „Dai Dai“ на отворањето на Светското фудбалско првенство 2026 во Мексико Сити, соопшти ФИФА. Настапот ќе се одржи на 11 јуни, пред првиот натпревар на турнирот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка. Церемонијата на свеченото отворање ќе започне 90 минути пред стартот на натпреварот, а покрај Шакира и Бурна Бој, на сцената во Мексико Сити ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џеј Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тјала. „Dai Dai“ е официјална песна на Светското првенство 2026 и е поврзана со FIFA Global Citizen Education Fund, иницијатива што има цел да собере 100 милиони долари за пристап до квалитетно образование и фудбалски можности за деца ширум светот. ФИФА за ова издание на Мундијалот планира три церемонии на отворање — по една во секоја земја домаќин: Мексико, Канада и САД. Во Торонто, на 12 јуни, пред натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, ќе настапат Аланис Морисет и Мајкл Бабл. Во Лос Анџелес, истиот ден, пред дуелот меѓу САД и Парагвај, најавени се Кети Пери, Лиса, Рема, Анита и Фјучер. Шакира има долга историја со Светските првенства: настапуваше и на претходни мундијалски изданија, а нејзината „Waka Waka“ од 2010 година останува една од најпознатите фудбалски химни во светот. Со „Dai Dai“, таа повторно се враќа на најголемата фудбалска сцена, овојпат заедно со нигериската ѕвезда Бурна Бој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИнвеститори веќе нудат 150 милијарди долари за компанијата на Маск Светот полуде по акциите на компанијата на Маск - Инвеститорите веќе нудат 150 милијарди долари.Интересот на инвеститорите за првичната јавна понуда на акции (IPO) на вселенската компанија SpaceX моментално е приближно двојно поголем од планираниот износ на емисија од 75 милијарди долари, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Изворите наведуваат дека инвеститорите досега изразиле побарувачка во вредност од околу 150 милијарди долари. Иако таквото ниво на интерес не е невообичаено за помали јавни понуди, аналитичарите проценуваат дека тоа претставува значаен сигнал за доверба на пазарот, имајќи предвид дека станува збор за најголемата IPO во историјата. Конечната цена на акциите треба да се утврди на 11 јуни, додека почетокот на тргувањето на берзата Nasdaq е планиран за 12 јуни. SpaceX планира да собере 75 милијарди долари по акција, со цена од 135 долари, што би ја вреднувало компанијата на околу 1,75 трилиони долари. Компанијата, основана и предводена од американскиот претприемач Елон Маск, е најголемата приватна вселенска компанија во светот и лидер во областа на лансирање ракети и сателитски комуникации. Нејзината сателитска мрежа Starlink обезбедува интернет услуги низ целиот свет, додека компанијата развива и напредни проекти поврзани со истражување на вселената и вештачка интелигенција. SpaceX доверливо поднесе барање за IPO во април, а се очекува нејзината јавна понуда да стане најголема во историјата на пазарот на капитал.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook