Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЗабаваАмазон за два дена од „Prime Day" имал продажба од над 11 милијарди долари Прометот на Амазон во малопродажбата низ САД за време на 48-часовниот „Prime Day" го надмина претходниот рекорд забележан за време на ланскиот „Кибер понеделник".Вкупниот промет во е-трговијата во понеделникот и вторникот во САД изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари, што е за 6,1 отсто повеќе од „ Prime Day" во октомври 2020 година, според индексот следен од „Adobe Analytics", што опфаќа повеќе од илјадници милијарди онлајн посети на американските веб-страници за малопродажба и повеќе од 100 милиони артикли во 18 категории производи, јави телевизијата Си-Ен-Би-Си. Онлајн продажбата на мало во понеделеникот, на првиот ден од „Prime Day" беше 5,6 милијарди долари, и уште 5,4 милијарди долари вториот ден, се наведува во соопштението на „Adobe Analytics". За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на „Кибер понеделникот", прометот изнесуваше околу 10,9 милијарди долари, што бешее рекорд во САД за еден ден во трошењето преку онлајн продажбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во АнталијаЈавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”. Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата. “Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги. “Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески. На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.Тагови: Савески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклусЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус. Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења. ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter