3Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотАмазон повлече од продажба седум милиони фалсификувани производи во 2023 година.Американскиот малопродажен и технолошки гигант Амазон повлече од продажба повеќе од седум милиони фалсификувани производи во 2023 година, покажува денеска објавен извештај.Во 2020 година, компанијата формираше оддел за борба против фалсификување, кој досега поднел тужби и кривични пријави против повеќе од 21.000 правни и физички лица одговорни за нивната продажба, рече потпретседателот на Амазон, Дармеш Мехта. Мерките против фалсификување вклучуваат производи кои требало да бидат воведени во логистичкиот циклус на Амазон и информирање на компаниите и властите за магацините на фалсификаторите, наведува Амазон. Од компанијата исто така посочуваат дека сега темелно ги проверуваат продавачите, што ги одвраќа фалсификаторите да отворат нови сметки на нивната платформа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
СветСаудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по нападиСаудиска арабија од претпазливост го затвори својот нафтовод Исток-Запад, откако пријави напади врз стратешки важната линија.Саудиското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак. Нафтоводот, кој се протега на повеќе од 1.200 километри, наводно бил нападнат и на крајот на јули од страна на групи поврзани со Иран кои дејствуваат од Ирак. Тој доби уште поголемо значење од почетокот на американско-израелската војна со Иран, при што Ријад го користи нафтоводот за да ја пренасочи нафтата што инаку би била наменета за танкери. Првично не беа дадени детали за можната штета или за тоа кој го извршил нападот. Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални лица од американската влада, јави дека пумпните станици лоцирани долж нафтоводот биле погодени од дронови лансирани од Ирак. Со стапка на производство од околу 10 милиони барели дневно, Саудиска Арабија е втор најголем производител на нафта во светот по САД.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаГолем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедницаГолем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош. Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош. На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош. Во акцијата активно учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација беше дел од работните тимови и лично се вклучи во чистењето. „Заедно за чист Карпош!“ е пример за заедничка посветеност, одговорност и директна работа во интерес на граѓаните. Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница. Општина Карпош упатува благодарност до сите карпошани кои денеска се приклучија на акцијата и со своето учество дадоа придонес кон почист, поуреден и поубав Карпош. Заедно за почист, поуреден и поубав Карпош! Општина КарпошТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаБожиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државатаМинистерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Министерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем. „За нас како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, секој нов капацитет има пошироко значење. Нашата цел е да изградиме енергетски систем кој ќе биде сигурен, стабилен, модерен и конкурентен – систем кој ќе може да одговори и на потребите на граѓаните и на растечките потреби на индустријата“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека енергетската сигурност денес не е само прашање на производство на електрична енергија. „Енергетската сигурност е прашање на економска стабилност, конкурентност, инвестиции и квалитет на живот. Секој нов мегават домашно производство значи дополнителен капацитет и поголема отпорност на нашиот систем во услови на променливи цени и неизвесности на европските и светските енергетски пазари“, порача министерката. Божиновска посочи дека развојот на енергетиката мора да продолжи со инвестиции во нови производни капацитети, но истовремено и со сериозни вложувања во мрежата, инфраструктурата, енергетската ефикасност, обновливите извори и современите технологии. „Тоа е патот кон енергетски систем кој нема само да произведува повеќе енергија, туку ќе биде подобро управуван, поотпорен и подготвен за предизвиците што ги носи новото време“, нагласи Божиновска. Министерката испрати јасна порака дека Македонија има потреба од нови инвестиции во енергетиката и дека Министерството ќе продолжи да создава предвидлива и стабилна средина за нивна реализација. „Енергетските инвестиции можат и мора да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Нашата задача како институција е да создадеме услови за развој, но истовремено да го чуваме јавниот интерес и да обезбедиме сигурен и стабилен енергетски систем за државата“, истакна Божиновска. Таа додаде дека за Министерството е особено важно домашните инвеститори да имаат доверба и сигурност да вложуваат во енергетската иднина на државата. „Нашата порака е јасна – Македонија треба да продолжи да гради, да инвестира и да создава нови енергетски капацитети. Но секоја инвестиција треба да носи поширока вредност – за економијата, за локалната заедница и за иднината на државата“, порача министерката. Новата когенеративна постројка на „ТЕССА Енерџи“ е реализирана врз основа на Овластување за изградба на енергетски објект издадено од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по успешно завршени технички прегледи и функционални испитувања. Тоа покажува дека енергетските инвестиции можат да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Постројката има инсталирана моќност од 2,106 MW за производство на електрична енергија и капацитет од 2,6 MW топлинска енергија. Инвестицијата претставува прва фаза од поширок план за развој и модернизација на поранешната Топлана Скопје Север во современ енергетски центар. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со политики кои значат повеќе домашни капацитети, поголема енергетска сигурност и стабилен систем – затоа што силната енергетика е основа за силна економија и сигурна иднина на државата. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00