Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави Мицкоски
1Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави Мицкоски
3Мицкоски очекува опозицијата да излезе со усогласен став за Изборниот законик, за власта прифатливи сите предлози, важно е да има договор за дијаспората
ТехнологијаАмазон го претстави првиот куќен роботАмазон го претстви својот прв куќен робот, кој ќе се вика Астро и на почеток ќе биде достапен само за ограничен број луѓе по цена од 1.000 долари.Роботот има 5 вградени мотори, камери, сензори и перископска камера која може да се подигне над нивото на една маса, за подобро извршување на основната фунција – надзор во домот. Роботот може да се движи избегнувајќи ги пречките, може да слуша гласовни команди, да чита временска прогноза, да одговара на разни прашања. На него има и два држачи за чаши, па може да донесе и пијалок. Од Амазон се надеваат дека со тек на време ќе го надградуваат роботот да може да ги учи навиките на семејството и да се прилагодува на нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМакедонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави МицкоскиПо последната ескалација на војната на Блискиот исток и новото нагорно поместување во цената на нафтата на светските берзи – од Владата велат состојбата будно се следи. Премиерот Хриситјан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека мерките кои до неодамна беа на сила за намалени акцизи и ДДВ кај нафтените деривати стојат на располагање и доколку има потреба повторно ќе се активираат. Мицкоски вели живееме во предизивкувачко време со две војни, но и покрај предизвикот Македонија успева да обезбеди навремено и доволно снаабдување со енергенси, кои се и со најниски цени споредбено со регионот и пошироко. „Имаме две војни озбилни војни. Она што за нас претставува предизвик е навремено и доволно снабдување со енергенси. Статистички имаме најниска цена на дериватите. Го следиме тој процес, ако треба повторно ќе се активираат секако мерките ни стојат на располагање....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дополнително Мицкоски вели Македонија е земја која има и најниска инфлација во јуни споредбено со земјите од регионот, и како позитивен го оцени фактот што во делот на храната инфлацијата според податоците е пониска од 3 %. Според последните поадтоци на статистика инфлацијата во земјава на годишно ниво во јуни е 3,4 %, што е пониско од она во април и мај кога изнесуваше 5,7 % односно 4,8 %. Инаку деновиве пазарен треба да ги заврши деталните анализи на околу 700 прехранбени и непрехранбени производи, каде се проверуваат сите фактури од увоз до рафт. Според последните информации од министерството за економија првичните резултати од анализата покажале дека дел од растот на малопродажните цени не се должи само на повисоки набавни цени туку и на зголеување на бруто профитните маржи, а во одредени случаи дури каде имало дури и намалување на набавните цени, производите на рафт не поевтинувале поради повисоки маржи. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца функционери на ВРЕДИ задржани на Ќафасан, ВРЕДИ бара официјален одговор од ТиранаПратениците од ВРЕДИ, Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани, вчера попладне биле задржани еден час на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница. Откако албанските полициски службеници не дале „зелено светло“ за влез во државата на едно лице кое било во нивна придружба, целата група македонски политичари, во знак на протест, се вратила назад. Од партијата велат дека без никакво официјално објаснување од граничните власти биле задржани еден час и покрај тоа што тројцата имале дипломатски пасоши. -Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување. ВРЕДИ бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.-ВРЕДИ. „Во кабината каде што ги предадовме пасошите, албанскиот полицаец од Македонската страна нè информираше дека, според потврдата на неговиот колега од албанската страна кои престојуваат во истата кабина, одбивањето за влез важеше за нас тројцата. Но, зошто ни дозволија да поминеме, останува загатка“, пишува во објава на социјалните мрежи пратеникот Ќоку кој се сомнева дека причина за ваквиот потег е неговата поддршка за протестите против владата во Албанија. За пратеникот Азизи пак целиот настан го нарече дипломатски апсурд. Албанската царинска управа, како што пренесуваат тамошните медиуми, појаснува дека не бил спречен влезот на политичарите од Македонија, ниту пак биле малтретирани, туку рутинска проверка на лицата. Тие патуваа заедно со четврто лице, кое имаше проблеми со патната документација и, поради оваа причина, не можеше да му биде дозволено да влезе во Албанија. Другите тројца имаа право да ја преминат границата. ...Стои во реакцијата пренесена од медиумите. Инаку во дел од албанските медиуми се појавија информации дека околу 60 лица од Косово и Македонија наводно добиле забрана за влез поради наводна поврзаност со протестите во Албанија. Меѓу нив наводно се и овие политичари од ВЛЕН. Сепак, албанските власти досега не објавија официјален список, ниту ја потврдија оваа бројка. Албанскиот премиер Еди Рама пак неодамна изјави дека Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија и ги повика да не се вмешуваат во внатрешните политички случувања во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски очекува опозицијата да излезе со усогласен став за Изборниот законик, за власта прифатливи сите предлози, важно е да има договор за дијаспоратаПремиерот Мицкоски и денеска со повик до опозицијата да ги усогласат ставовите за Изборниот законик, а владејачката коалиција, повтори дека е отворена за консензус и ќе ги прифати сите нивни барања, со единствен услов дијаспората да може да гласа.&nСпоред Мицкоски потребно е да се олесни процесот на гласање на иселениците, особено од прекуокеанските земји кои според него треба да летаат по 10 часа за да го остварат своето право на глас. Премиерот очекува СДСМ, Левица, ДУИ и партиите на Села и Таравари меѓусебно да се договорат за една изборна единица, моделот на финансирање и поплаките, до рокот до 15 јули за, како што рече, Изборниот законик да не биде жртва на дневнополитички театар. -Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, ова е театар за мал број гласачи којшто се уште им веруваат. Велат ние не се потпишуваме со вас, ние сме Робеспјерови следбеници итн, е така не може. Ако сакате да учествувате ќе мора да имате и одговорност. И потоа настапи и втората опозициска партија, СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани секој си наоѓаше некаква забелешка за да ние дадеме јасен предлог – седнете договорете се во опозицијата. Што сакате, како сакате. Дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Се што сакате ние бланко ќе ви поддржиме. Само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна-една изборна, повеќе пари-повеќе пари, еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, изјави Мицкоски. Од СДСМ претходно го одбија повикот на власта за договори меѓу опозициските партии, велат, тоа е проблем на власта. Тврдат дека тие не се против гласање на дијаспората, туку против модел кој, како што велат, отвора врата за изборен грабеж. Од Левица, пак, денеска преку соопштение реагираат, за како што велат, обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората и тврдат дека не планираат да откажат од барањето за една изборна единица. ДУИ веќе ги оценија како пропаднати меѓупартиските преговори за Изборниот законик и ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека се повлекле и од првично договореното електронско гласање на дијаспората. Со оглед на различните желби се помали се шансите во наредните денови партиите да најдат консензус за измените на Изборниот законик кои се се засега единствената неисполнета од 10 – реформи од јунскиот рок кој истекува на 15 јули а од нејзината реализација зависат околу 4 милиони евра кои Македонија би ги добила од Европската Унија. Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter