ТехнологијаАмазон го престигна Гугл и стана највреден бренд на светотАмериканскиот технолошки џин Амазон ги престигна Епл и Гугл , па стана највреден бренд на светскиот пазар.Вредноста на брендот Амазон порасна на 315 милијарди долари , се наведува цво извештајот на агенцијата Кантар за истражување на светскиот пазар. Амазон од трето се искачи на прво место , Гугл од прво замина на третото место , а на второто остана Епл. Амазон , кој во својата гаража во 1994 го основа сега најбогатиот човек на светот Џеф Безос, стигна на врвот на листата благодарејќи на битнуите аквизиции , врвните кориснички услуги и иновативниот деловен модел , се наведува во извештајот ан агенцијата. Меѓу првите десет компании повторно доминираат американските и тоа Епл со 309,5 милијарди долари, Гугл со 309 милијарди и Мајкрософт со 251 милијарди долари вреден бренд. Виза има вредност од речиси 178 милијарди , со што е на петто место , а социјалната мрежа Фејсбук е зад неа со вредност од 159 милијарди долари. Кинеската компанија Алибаба е на седмото место и прва од азиските , вредна 131,2 милијарди, со што го премина Тенсент , која е на осмо место со 130,9 милијарди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска АрабијаСАД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании.Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион. Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“. Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ураниум на своја територија. објавата уследи среде ескалацијата на војната во иран, што сад ја започнаа во февруари за да го спречат да развие нуклеарно оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговориНовиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта. Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот. На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување. Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невремеОпштина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата. Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи: Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија); Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист); Фотографии од локацијата по претрпената штета; Записник од МВР за настанатата штета; Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter