Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ТВ дуелот пристигнале во Министерство за правда

-Вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот пристигнаа амандманите до министерката Дескоска, потврдија утрово за МИА од Министерството за правда.

Амандманите за законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пристигнале до Министерството за правда.

-Вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот пристигнаа амандманите до министерката Дескоска, потврдија утрово за МИА од Министерството за правда.

Мицкоски вчера на ТВ дуелот кажа дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда и до меѓународната заедница доставила 65 амандмани, откако Министерството претходно ги прифатило принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.

Од Министерството за правда вчера информираа дека до крајот на работното време не ги добиле амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Предлог-законот за јавно обвинителство, кои лидерот на партијата кажа дека биле доставени неколку часа пред тв дуелот со Заев.

До крајот на работното време, како што посочија за МИА од Министерството, 65 амандмани во тврда корица не добиле нивните служби.

Заев истакна дека пред емисијата не бил информиран за тоа и најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите.

Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ часовникот им им доцни најмалку четири часа.

-На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!", напиша Дескоска.

Од ВМРО-ДПМНЕ синоќа преку соопштение ја повикаа министерката Дескоска да го отвори маилот и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски

-Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди?, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер