Амандин Лејно уште две сезони во Вардар - Канал 5

Амандин Лејно уште две сезони во Вардар

Француската репрезентативка Амандин Лејно и во следните две сезони ќе биде на голот на Вардар. Договорот со Лејно е потпишан до јуни 2019 година.

Амандин Лејно уште две сезони во Вардар
- Таа е еден од столбовите во одбраната на нашиот тим, и заслужено повеќепати беше избирана за дел од идеалниот тим на колото во ЛШ, или пак имаше некоја одбрана со која сите ги воодушевуваше. Со потписот на Лејно, Вардар го задржа речиси целиот тим од сезонава, и со новите засилувања повторно ќе биде еден од главните фаворити во лигата на шампионите, соопштија од ЖРК Вардар.

Задоволство од продолжување на соработката со Лејно искажа и Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

- Од самото доаѓање Лејно стана миленичка на сите наши навивачи, а со своите игри ги освои срцата на оние на кои што Вардар им е омилениот клуб. Заедно со неа се радувавме на најголемите клупски успеси, и сакаме заедно да се искачиме и на местата каде досега не сме стигнале. Веруваме дека во следниот период ќе имаме уште многу заеднички моменти за славење и уживање, изјави Стојановски.

Лејно пред три сезони дојде во Вардар со што почна и искачувањето на „црвено-црните" на европското небо. Трипати досега ја освојуваше бронзата на Ф4 турнирот во лигата на шампионите како дел од Вардар, и три титули и три куп трофеи во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистански министер во Иран преговара за финализирање на мировниот договор со САД

Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Мохсин Накви, пристигна во Иран за да разговара со иранските лидери за продолжување на преговорите со САД во Швајцарија.

Пакистански министер во Иран преговара за финализирање на мировниот договор со САД

Според провладината иранска новинска агенција Мехр, Накви прво слета во североисточниот град Машхад, каде што се одржува аџилак.

За време на неговата посета, се очекува Накви да се сретне со шефовите на преговарачкиот тим на Иран, претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи, Абас Аракчи. Пакистан официјално дејствува како посредник во војната меѓу Иран и САД од април.

60 дена за договор

Вашингтон и Техеран потпишаа рамковен договор претходно оваа недела со кој се повикува на прекин на непријателствата во регионот и враќање на комерцијалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Се очекува да следат понатамошни разговори за спорни прашања, како што е нуклеарната програма на Иран, во рок од 60 дена.

Првата рунда разговори за можен нуклеарен договор во Швајцарија првично беше закажана за петок, но беше откажана поради обновените борби меѓу израелската војска и проиранската група Хезболах во Либан.

На почетокот на разговорите за рамковниот договор, барањето на Иран беше за значителна помош за реконструкција. Договорот предвидува најмалку 300 милијарди долари како еден вид фонд за реконструкција, но прашањето за финансирање останува нерешено.

Техеран, исто така, бара укинување на банкарските санкции за да може да го врати пристапот до меѓународниот финансиски систем и легално да ја продава својата нафта, својот најважен извор на приход.

Техеран има услови

Иран постојано нагласува дека нема да има конечен договор без да се исполни оваа обврска.

Американскиот претставник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи патуваат во Швајцарија на разговори, објави Ројтерс во саботата, цитирајќи го Аксиос.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ги откажа плановите за патување во Швајцарија на разговори во четврток, поради зголемените тензии во Либан меѓу Израел и Хезболах, милитантна група поддржана од Иран.

Но, откако беше воспоставен прекинот на огнот, Виткоф патува во Швајцарија за да му се придружи на Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп, кој веќе е таму, објави Аксиос. Аракчи планира да патува во сабота, додаде тој.

Ројтерс забележува дека прекинот на огнот во Либан се чини дека помогна во напорите за претворање на привремениот договор меѓу САД и Иран во траен регионален договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџер прегази 3- годишно девпојче во Визбегово и избега- пронајден е

Пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега.

Тинејџер прегази 3- годишно девпојче во Визбегово и избега- пронајден е

Во врска со сообраќајната несреќа случена на 19.06.2026 година околу 19.00 часот во с. Визбегово, скопско, во која патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје кое се здоби со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” по што возачот го напуштил местото на настанот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на случајот.

Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани

Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата.

Николоски: Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани

"Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани (заобиколување на популарната Стража).

Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.

Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.

Ја градиме Македонија" - напиша Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер