2Европа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортации
3Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија
Шоу бизАмал Клуни се соочува со забрана за влез во САДНа сопругата на холивудскиот глумец Џорџ Клуни - Амал Клуни, може да ѝ биде забранет влез во САД, заедно со други истакнати адвокати - поради санкциите кои ги воведе претседателот Доналд Трамп.Според „Дејли меjл“, познатата либанско-британска застапничка за човекови права, наводно добила предупредување од американскиот Стејт департмент. Поради нејзините правни совети за воени злосторства, што доведоа до издавање налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, може да ѝ биде одбиена виза за влез во САД. Брачната двојка Клуни го минува поголемиот дел од времето во Велика Британија и Италија, но поседува и имот во САД, каде што Џорџ овие денови настапува и во претстава на театарот Бродвеј во Њујорк. Веста, којашто сè уште не е потврдена, доаѓа откако американскиот претседател Трамп издаде извршна наредба против Меѓународниот кривичен суд (МКС), обвинувајќи го „за антихристијанска пристрасност“ и осудувајќи ги „нелегитимните и неосновани“ обвиненија против Нетанјаху. Извршната наредба 14203, им забранува на обвинителот на МКС - Карим Кан и неговото семејство, да влезат во САД и им ги замрзнува нивните средства на американските сметки. Судот, инаку, покрена обвинение и против тројца лидери на Хамас кои оттогаш се убиени. Меѓу правниците кои му давале правни совети на МКС и биле вклучени во одлуката за издавање на налогот, се Хелена Кенеди и судијата Адриен Фулфорд, на кои, исто така, им биле изречени предупредувања, пренесува „Фајненшл тајмс“. Во мај 2024 година, како одговор на критиките дека не ја користи својата јавна позиција за да ја истакне тешката положба на палестинскиот народ, Амал Клуни изјави: - Бев член на овој комитет затоа што верувам во владеењето на правото и заштитата на животите на цивилите. Законот што ги штити цивилите во војна е развиен пред повеќе од 100 години и се применува во секоја земја во светот, без оглед на причините за конфликтот. Пред една година, Трамп и Џорџ Клуни имаа јавно препукување, при што Клуни ја поддржуваше кампањата на Џо Бајден, а Трамп во свои објави на „Трут сошл“ го нарече Клуни - „второкласна филмска ѕвезда“ и неуспешен политички стручњак. Амал е квалификувана да се занимава со адвокатура во САД, Англија и Велс. Таа беше повикана во Адвокатурата на Њујорк во 2002 година. Нејзината кариера е насочена главно на застапување на жртви на масовни злосторства, геноцид и сексуално насилство, и работела на многу високопрофилни случаи. Тагови: Доналд Трамп Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
БалканПукотница во кафуле во Атина, полно со Албанци- застрелано е 10 годишно девојче Тежок инцидент е регистриран доцна синоќа во Агиос Пантелејмонас, Атина, по вооружен напад од непознати лица во кој е повредено малолетно девојче од албанска националност.Поточно, во 23:50 часот по грчко време, четири лица со автомобил се приближиле до кафулето на улицата Агоракриту бр. 32 и отвориле оган врз него. При нападот 10-годишно девојче било повредено во ногата, објави Топ Ченел. Засега властите не разјаснија дали повредата е предизвикана директно од куршум од огнено оружје или од рикошети и шрапнели од други погодени предмети. Мајката на детето, со албанско потекло, не чекала брза помош, туку веднаш го пренела девојчето во Детската болница „Аглаја Киријаку“ за лекарска помош. Како што јави дописникот на Топ чанел од Грција, Артур Бибе, во моментот на инцидентот во кафеаната имало 10 лица, сите Албанци. Во меѓувреме, запален е и автомобил за кој постои сомневање дека им припаѓа на сторителите. Полициските сили брзо пристигнале на местото на настанот и вршат увид за околностите на настанот и идентификација на сторителите.Тагови: Албанци Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаЕвропа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортацииМинистрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика.Министрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика, зајакнување на надворешните граници, поголема улога на европската гранична агенција Фронтекс и поефикасно враќање на мигрантите кои немаат право да останат во Европа. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт ќе се залага за „спроведување промена во миграциската политика“, а приоритетите на состанокот ќе вклучуваат понатамошно подобрување на Европскиот пакт за миграција, поконзистентно заострување на надворешните граници на ЕУ и забрзување на враќањето на мигрантите. Портпаролот на Добринт изјави за германските медиуми дека Фронтекс би можел да се трансформира во „агенција за заштита на границите и ефикасно враќање“, што би ѝ дало на институцијата поголема улога во граничната контрола и спроведувањето на процедурите за депортации, според Дојче Веле. Во моментов, земјите-членки на ЕУ се одговорни за враќање на барателите на азил чии барања се одбиени. На состанокот ќе присуствува и белгиската министерка за азил и миграција, Анели ван Босеит, која ќе се залага за зајакнување на надворешните граници на ЕУ, посилна улога на Фронтекс и поефикасно враќање на лицата кои немаат право да останат во Европа. Пред предлогот на Европската комисија за иднината на Европската гранична агенција, кој се очекува кон крајот на октомври, Ван Босеит ќе нагласи дека Европа мора да може да реагира побрзо и порешително на своите надворешни граници со цел да ја контролира нерегуларната миграција и да спречи лесен пристап до територијата на ЕУ, пишува „Бриселс тајмс“. Таа, исто така, ќе се залага за поголема улога на Фронтекс во процесот на враќање на мигрантите, како и за посилни стимулации за земјите кои не се членки на ЕУ да ги прифатат своите граѓани на кои не им е дозволено да останат во Европа. Според неа, ЕУ треба повеќе да ја користи својата економска и дипломатска тежина и да ја поврзе соработката во областа на враќањето со други односи со трети земји. - Пактот за миграција беше важен прв чекор, но не е доволен сам по себе - рече белгиската министерка, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на заштитата на надворешните граници и обезбедување ефикасно спроведување на одлуките за враќање. Таа ги спомена визната политика, трговијата и помошта за развој како можни лостови за притисок. Се очекува Германија, Данска, Австрија, Холандија и Грција, исто така, да одржат одделни разговори за воспоставување центри за депортација, или центри за враќање, во трети земји. Берлин, според медиумските извештаи, се надева дека ќе постигне договор со една земја во Африка и евентуално во Азија до крајот на годината. Министрите ќе разговараат и за тоа како ЕУ може подобро да одговори кога надворешните граници одеднаш се изложени на силен миграциски притисок, како што е неодамнешното масовно преминување на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. На дневен ред ќе бидат и првите искуства во спроведувањето на Европскиот пакт за азил и миграција, кој стапи на сила на 12 јуни. Белгија смета дека Пактот треба темелно да се разгледа по една година спроведување, во јуни 2027 година, со цел да се идентификуваат пречките и да се процени каде правилата би можеле да бидат поедноставни и поефикасни. „Еурактив“ претходно објави дека неколку земји-членки веќе повикуваат на измени и поедноставување на Пактот, додека Ван Босеит смета дека на документот прво треба да му се даде доволно време за да покаже резултати во пракса. На состанокот ќе присуствува и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, додека се очекува учество на претставници на вкупно 18 земји од ЕУ и надвор од ЕУ, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.Тагови: депортации Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаНиколоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со БугаријаРаспшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија.Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска во Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски. “Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа одиме на тендерирање. Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter