Алушевски: Победа над Португалија во недела во Скопје за крај на 21 годишната кариера - Канал 5

Алушевски: Победа над Португалија во недела во Скопје за крај на 21 годишната кариера

Македонската ракометна репрезентација в недела против Португалија ќе го игра последниот квалификациски натпревар за евро-шампионатот во Данска.

Алушевски: Победа над Португалија во недела во Скопје за крај на 21 годишната кариера
Овој дуел ќе биде проштален за крилниот играч Стевче Алушевски кој повеќе од две децении го носеше црвено-жолтиот дрес.

- Горд сум што 21 година активно го носев дресот на македонската репрезентација. Секогаш за националниот тим играв со голема љубов, посветено и максимално ангажирано. Се надевам дека на последниот мој репрезентативен настап в недела ќе победиме и Македонија ќе се пласира на ЕП, истакна Стевче Алушевски на последното свое обраќање на една прес-конференција како активен играч.

Добра игра и позитивен резултат како продолжение од успешниот настап против Швајцарија во Цирих очекува и селекторот Ивица Обрван.

- На добар пат сме да избориме учество на ЕП, а дуелот со Португалците е убава можност Алушевски на еден врвен начин, достоинствено и во славеничка атмосфера да ја заврши долгата и богата репрезентативна кариера. Пред нас е задачата да го валоризираме постигнатиот резултат во Цирих до кој дојдовме со добра игра во одбраната и со огромна помош од нашите навивачи од Швајцарија за што им сум многу благодарен.

Обрван потенцира дека Португалија никако не смее да се потцени и без создавање на голема еуфорија и покрај фаворитската улога, Македонија да дојде до посакуваната цел, а тоа е како што рече, победа макар и со еден гол разлика.

- Мораме да дадеме се од себе. Не не интересира премногу естетскиот момент во играта. Очекуваме поддршка од трибините и со прикажување на тоа што го знаеме на најдобар начин, со добра одбрана, контри и полуконтри да ги оправдаме очекувањата. Португалија има квалитетен пивот, неколку добри шутери и знае да биде незгоден противник. Наше е да ги пронајдеме нивните слаби точки, а верувам дека ќе успееме во тоа, рече хрватскиот стручњак кој е предводник на Македонија.

Натпреварот Македонија - Португалија ќе се одигра в недела со почеток од 20 часот и 30 минути во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер