Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики
1Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики
3ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски
СветАлтернатива за Германија планира да формира нова младинска организацијаГерманската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) ги потврди плановите за формирање нова младинска организација, објави ДПА.Основањето е планирано за крајот на ноември во градот Гисен, северно од Франкфурт. Портпарол на партијата потврди дека основачкиот состанок е планиран за 29 и 30 ноември. На состанокот ќе се избере одбор на директори за новата организација и ќе се одреди нејзиното име и лого, рече тој. Претходното младинско крило на антиимиграциската партија Млада алтернатива (MA) беше во голема мера независно здружение. Беше распуштено на крајот на март по одлуката на партиската конференција на АфД. Планот за формирање нова организација се базираше на желбата на партијата да добие поголемо влијание врз младите луѓе. Исто така, имаше загриженост дека MA може да биде забранета откако германските разузнавачки служби пронајдоа докази за антидемократски аспирации и ја класифицираа како десничарска екстремистичка организација. Се претпоставува дека организацијата наследничка ќе биде потесно поврзана со АфД во иднина. Весникот „Билд“ објави дека се дискутира за кандидатурата на Жан-Паскал Хом, член на покраинскиот парламент на АфГ во Бранденбург, како лидер на новата организација. На социјалната платформа „Х“, претседателот на АфД во Бранденбург и член на Бундестагот, Рене Спрингер, се заложи за поставување на Хом на чело на новата организација.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприликиПрограмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев. „Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти. Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер. Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.09.2026 во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј ЖерновскиАко СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски.Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот. Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата. Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11