Алтернатива утре носи одлука дали ќе влезе во владата?!

Нова средба меѓу Заев и Гаши досега не е закажана, тврдат од партијата, но не се исклучува можноста таа да се одржи во наредните два дена.

Централниот совет на Алтернатива, највисокото партиско тело, утре вечер ќе донесе конечна одлука дали партијата ќе стане дел од власта и дали нивните четири пратеници ќе бидат дел од владејачкото мнозинство, дознава Канал 5 од партиски извори. Нова средба меѓу Заев и Гаши досега не е закажана, тврдат од партијата, но не се исклучува можноста таа да се одржи во наредните два дена.

Каква ќе биде крајната одлука од Алтернатива засега не откриваат, а нема ниту конкретни информации дали на вчерашната средба со Заев биле договорени кадровските решенија за централната власт.

Во недостиг на официјални информации во јавноста се шпекулира дека апетитите на партијата на Гаши се движат од најмалку едно министерско и едно вицепремиерско место, до три министерски, но никој од двете страни ниту ова го потврдува, ниту го демантира.

Дали од СДСМ се подготвени да се откажат од важни ресори во Владата за да ги задоволат Алтернатива, особено ако се земе предвид фактот што ДУИ нема лесно да ги даде министерските позиции, останува отворено прашање.

Откако по вчерашната средба со Заев, Гаши доби јавна порака од коалицискиот партнер Алијанса за Албанците во која го прашаа дали е валиден нивниот коалициски договор кој поред нив Алтернатива го прекршила со средбите и разговорите со Заев за влез во Владата, од партијата на Гаши денеска одговорија дека Алијансата за Албанците останува нивен политички партнер и соработник, со можност соработката да продолжи и на следните избори кога и да се одржат.

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер