Алтернатива идната недела ќе одлучува за евентуален влез во владата

Кога ќе биде средба, информација нема, но во секој случај, конечниот збор ќе го имаат највисоките партиски тела.

Централното претседателство на Алтернатива во вторник ќе пресече дали партијата ќе стане дел од Владата на Заев и дали ќе го засили владиното мнозинство со нивните четири пратеници, велат од партијата за Канал 5, откако лидерот Африм Гаши ја прифатил понудата од премиерот Заев да седнат и да разговараат за ваквата опција. Кога ќе биде средбата, информација нема, но во секој случај, конечниот збор ќе го имаат највисоките партиски тела – прво Централното претседалство, а потоа и Собранието на Алтернатива.

Премиерот Заев и покрај одложената оставка, се уште не се појавува во јавност да ги објасни следните чекори, но затоа пак, вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи најави дека следува голема реконструкција под раководство на актуелниот премиер, која сепак, би била само преодна фаза до изборот на нов лидер во СДСМ, најбрзо во јануари..

„Сметам дека ќе добиеме наскоро нова влада ‘Заев 3’, предводена од Заев. Дали се тоа двајца, тројца, пет или седум министри што ќе се сменат. Сметам дека Заев ќе остане на неговата лична одлука за повлекување. Треба да има реконструкцијата на владата, без оглед дали ќе влезе нова партија или ќе остане истото мнозинство, сметам дека треба да има одредени промени на кадрите“, изјави Битиќи.

Во Собранието и понатаму соодносот на силите е изедначен 60-60, а во очекување на разврската, пратениците се фокусирани на дебатата за Буџетот за следната година.. Власта со оптимизам најавува дека тој ќе биде донесен со зголемено мнозинство, без да прецизира со колку и со кои пратеници. Опозицијата ја чека оставката од Заев и бара брзи избори доколку распоредот на силите остане пата-пата.

По првото појавување на Кастриот Реџепи, во кое тврдеше дека БЕСА се уште нема формална одлука за напуштање на Владата, денеска генералниот секретар Аријанит Хоџа вели дека одлуките на Централното претседатлство се јасни – партијата останува на ставот дека оваа влада треба да падне, а се останато што се пласира во јавноста го оцени како игра на зборови.. Оставката Хоџа и двајцата заменици министри ја поднесоа во петокот, а сега очекуваат за истите премиерот да го извести Собранието.

Град Скопје со поддршка на 116 проекти во износ од околу 13,5 милиони денари

Град Скопје со поддршка на 116 проекти во износ од околу 13,5 милиони денари за развој и унапредување на спортот и образованието.

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година, како и за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје.

На јавниот повик за поддршка во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година пристигнаа 164 апликации, а Град Скопје донесе одлука за поддршка на 96 проекти согласно годишната програма за спорт, со вкупен износ од 11 милиони денари обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Стратешката определба на Град Скопје за поддршка на спортот е да преку програми, проекти, манифестации, активности и јавни повици го поттикнува развојот на спортот, како и афирмирање на Градот како развоен спортски центар со европски карактеристики што соодвествуваат на неговиот статус како главен град, со цел остварување на јавниот интерес од локално значење во областа на спортот.

Листа на поддржани проекти, програми, активности и манифестации:

https://skopje.gov.mk/media/8604/finansirani-proekti-i-manifestacii-sport-za-2022.pdf

На јавниот повик за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица, кои предвидените проектни активности ќе ги спроведат во средните училишта на Град Скопје и учество ќе земат учениците и наставниците, согласно Програмата за активностите на Градот Скопје од областа на средното образование во 2022 година, пристигнаа 23 апликации. Градот Скопје донесе одлука за кофинансирање на 20 проекти, со вкупен износ од 2,5 милиони денари обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Програмските активности кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје се насочени кон следниве приоритети: Справување со актуелните предизвици на здравствената криза односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници; Психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со сајбер-насилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина; Едукација и промоција за градење на здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје; Унапредување на животната средина преку подигање на свеста на средношколците за личната одговорност во одржувањето на чистата и здрава животна околина; Истражувања и промоција на родовата равноправност, ученичките права, слободи и развој на креативност; и Организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност.

Повеќе скопски населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Аџија", од Државниот студентски дом „Пелагонија" до улицата „Димо Хаџи Димов" во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8.30 до 15:00 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Зелениково, а од 8:40 до 14:30 часот корисниците од улиците „13 Август-Охридски Договор", „1633" и „Роман Каскалиев" во општина Гази Баба.

Без струја утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на булевар „Партизански одреди" во општина Карпош, од 9:00 до 13.00 часот дел од корисниците од улицата „Мариовска" во општина Кисела Вода, а од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков" во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивниот систем.

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна

Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина.

Предвидено е 12 милијарди долари да бидат наменети за нови проекти и повеќе од 18 милијарди долари од постоечките проекти за храна и исхрана кои се одобрени, но сè уште не се исплатени.

– Порастот на цените на храната има катастрофални ефекти врз најсиромашните и најранливите. За информирање и стабилизација на пазарот, клучно е сега земјите да даваат јасни изјави за идното зголемено производство како одговор на руската инвазија врз Украина, изјави претседателот на Групацијата Светска банка, Дејвид Малпас.

СБ најави и дека очекува нови проекти за поддршка на земјоделството и наводнувањето, како и за социјалната заштита, со цел да се ублажат ефектите од повисоките цени на храната врз сиромашните. Повеќето ресурси одат во Африка и Блискиот Исток, Источна Европа и Централна Азија и Јужна Азија.

Тие области се меѓу најтешко погодените од војната во Украина. Земјите како Египет се во голема мера зависни од украинската и руската пченица и се борат за снабдување затоа што Русија го блокираше извозот на украинските земјоделски производи од пристаништата на Црното Море и воведе ограничувања за домашниот извоз.

притисни ентер