3ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотАлпите лани загубиле најмногу мраз од глечерите од кога било пораноНа Алпите минатата година се стопил повеќе мраз од глечерите отколку кога било досега, објави денеска Агенцијата на ЕУ за следење на климатските промени.Глечерите изгубиле повеќе од пет кубни километри мраз, објави Службата за климатски промени Коперник. Агенцијата вели дека доколку споменатата ледена маса се „притисне“ во коцка, нејзините рабови би биле околу пет и пол пати повисоки од Ајфеловата кула. Глациолозите претходно предупредија дека состојбата на алпските глечери е вистински показател за последиците од климатските промени и дека, според песимистичките предвидувања, Алпите би можеле да останат речиси целосно без мраз до 2100 година, а само делови од површината на мразот ќе сочинуваат пет или помалку проценти од она што постои денес. Количината на стопен мраз од глечерите не е единствениот рекорд што сервисот го забележал во 2022 година. Имено, Европа го доживеа најжешкото регистрирано лето до сега. Во просек, тоа беше за 1,4 степен Целзиусови потопло од референтниот период од 1991 до 2000 година. Според Коперник, температурите во Европа се зголемуваат приближно двојно побрзо од глобалниот просек. 📢 📊 The #CopernicusClimate Change Service has just released the 2022 European State of the Climate report. A must-read for anyone interested in the latest analysis of #climatechange. Check it out now ☞ https://t.co/Bika2dAAjK #ESOTC #EUSpace pic.twitter.com/NE6Av6Qs7U — Copernicus ECMWF (@CopernicusECMWF) April 20, 2023 Летото беше обележано и со голема суша што зафати повеќе од една третина од Европа, што влијаеше на земјоделството, транспортот и снабдувањето со енергија низ целиот континент. Коперник ги припишува сушните услови на потпросечните снежни врнежи претходната зима и топлотните бранови во текот на летото. Во јужниот дел на Европа забележани се поголем број денови обележани со „екстремен топлотен стрес“, што значи дека многу високите температури претставуваат ризик за здравјето на населението. Покрај тоа, сончевото зрачење над Европа беше поинтензивно отколку во кој било период во изминатите 40 години. Ова резултираше со натпросечен потенцијал за производство на сончева енергија во многу делови на континентот, а овој тренд се очекува да продолжи. Податоците од Коперник се снимаат од 1979 година. Од 1950 година, Канцеларијата за климатски промени користи разни други податоци што ѝ се достапни, на пример податоци од копнени станици, балони, авиони и сателити. Со помош на компјутерски анализи се објавуваат месечни податоци за температурите, покриеноста со мраз на морската површина и други појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКатастрофа за Баерн. Хари Кејн е сериозно повреден и нема да игра со месециГолем шок за германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест. Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава. „Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци. Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд. Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф. По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата. Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБез струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и КатлановоСпоред најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации. Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови. Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“. Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денариЖивотот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат. Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно. Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните. Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот. Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери. Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат. Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 21.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени08:59МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08