АвтомобилизамАлпина го претстави прошталното издание на серијата 5 на БМВ (ФОТО)Новата генерација од серијата 5 е на менито на BMW подоцна оваа година, а дотогаш може да се восхитуваме на лебедовата песна на актуелната генерација во навистина специјално издание - BMW Alpina B5 GT.Ова е дефинитивно најексклузивното издание на актуелната петта генерација, а ќе се нуди во само 250 примероци од лимузината и караванот. Главната вест е дека под хаубата се наоѓа 4.4 V8 би-турбо мотор, сега дополнително изменет. Неговиот максимум е 634 КС и 850 Nm, што е плус од 9 КС во споредба со Alpina B5 и M5 Competition. Сепак, со плус од само 1,3 КС, M5 CS сè уште го носи епитетот на најмоќната серија 5. Погонот е на сите тркала, а го пренесува автоматскиот менувач на ZF со напреден софтвер. До 100 km/h стигнува за 3,4 секунди, а караванот е побавен за 0,2 секунди. Максималната брзина е поставена на 330 km/h, односно 322 km/h за караванот. Точката на i е спортскиот издув изработен од легура на титаниум. Алпина работеше и на суспензијата, додека сопирачките се уште помоќни. Го имаат потписот Brembo, а предните дискови се со дијаметар од 395 mm. Визуелните промени се само минимални во споредба со „обичниот“ B5. Има нови браници, со четирикратни издувни цевки на задното куќиште, а има и класични бандажи од 20 инчи во Marron Volciano боја. Стандардно се зелените и сините нијанси на каросеријата, а сѐ останато доаѓа со доплата. Во кабината, Nappa кожа, зачинета со ознаки B5 GT и детали од ексклузивни материјали. Опремата е прва класа и вклучува аудио систем Harmon Kardon. Секое задоволство има своја цена, а ова во Германија започнува од 145.500 евра за седан и 148.500 евра за туринг. Првите испораки започнуваат во јули годинава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измениЕврокомесарката за проширување Марта Кос уште еднаш ја повика Македонија да ги спроведе уставните измени но и да гради „доверба„ со сите земји членки на Унијата. Како што потенцираше Кос, државава е една од трите првенци во спроведување на реформската агенда, меѓутоа, без уставни измени, овој напредок не може да се преслика во моментумот за проширување. -Ова бара лидерство и градење доверба со сите наши 27 земји-членки. И ова беше мојата порака минатата недела во Македонија. Кој е тука од Македонија? Добредојдовте. Земја која брзо напредува во реформите на планот за раст и е една од најдобрите во оваа област, но треба да ги донесе договорените уставни измени за да може да внесе иста динамика во преговорите за проширување,- - Марта Кос, еврокомесарка за проширување . Откако вчера заврши крајниот рок за реформите од јунскиот грејс период, Македонија реализираше девет од десетте планирани чекори а изостана реформскиот Изборен законик чија финансиска вредност изнесуваше 4,2 милиони евра. Иако финалната оценка од ЕК за успешноста и квалитетот на завршените реформи се очекува во септември, од Министерството за европски прашања посочија дека заедно со тековниот извештаен период, очекуваат исполнување на вкупно 19 реформски чекори, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра од Планот за раст. Досега, државава има исполнето 22 од предвидените 136 реформски чекори по што се ослободени 142 милиони евра од алоцираните 750 милиони евра за државава преку Планот за раст. Како резултат на реформскиот неуспех на останатите кандидатки, официјален Брисел најави дополнително распределување на средства кон Македонија, Албанија и Црна Гора како земји со најголем реформски напредок, а колкав износ би добила државава ќе се знае кон крајот на месецов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препаратиМобилен тим од одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возил Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.. Сторителот, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација турција – косово и истиот е застанат за контрола на граничен премин Деве Баир, но возачот изјавил дека нема ништо за пријавување.. Вијалите спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаУставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од судиската функција директно до Собранието, но за тоа не ги известил ниту Судот, ниту претседателот Дарко Костадиновски. Првиот човек на Уставен за Канал 5 потврди дека за оставката на Наумовски дознал од телефонски разговор со собранискиот спикер Африм Гаши, откако судијата не се појавил и на денешната седница без никакво образложение. Го барале на телефон со часови, но не одговарал на повиците. Од Уставниот суд соопштија дека до нив не е доставена официјална информација за оставка, а официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Од законодавниот дом, пак, за Канал 5 потврдија дека оставката на Наумовски е пристигната кај нив. Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски за Канал 5 вели дека за него и Судот причините за оставката не се познати, а додека официјално не ги добие нема дава дополнителни коментари. -Денес после седницата на која судијата Гоце не дојде, слушнав непроверена информација дека поднел оставка во Собрание. Информацијата ми беше потврдена од спикерот Африм Гаши. До мене ни до Судот не се обратил и оттука причините за оставката не ги знам. Во овој момент додека не бидам известен официјално од Собранието и не ги видам причините, нема да дадам никаков коментар освен што оставката е личен чин– изјави Костадиновски за Канал 5. Отсуството на Наумовски беше причина што Уставниот суд и денеска не можеше да одлучува за иницијативите на Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Според Костадиновски сега одлука за Изборниот законик ќе се носи штом ќе се избере нов уставен судија, а оставката ќе ја отежне работата на Судот. По заминувањето на Наумовски Уставниот суд ќе остане со седум судии од вкупно девет. Претходно од местото оставка поднесе професорката Јадранка Дабовиќ. Собранието го избра Гоце Наумовски за Уставен судија во февруари годинава по предлог на на владејачкото мнозинство. Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , а пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08