Алпин нема да го ангажира Мик Шумахер - Канал 5

Алпин нема да го ангажира Мик Шумахер

Мик Шумахер нема да биде тест возач на Алпин оваа година. Тимскиот шеф Бруно Фамен изјави дека Германецот останува возач на Мерцедес, а ќе го претставува Алпин само во „ВЕЦ“ верзијата.

Алпин нема да го ангажира Мик Шумахер

Во овој поглед, според Фамен, приватната тест програма од последните години на Алпин била наменета само за возачите на младинската програма - првенствено резервниот возач на тимот Џек Дуан.

-Не планираме никакви тестови за Мик Шумахер бидејќи наш резервен возач е Џек Дуан, а Мик во Ф1 е резервен возач на Мерцедес. Нашиот договор со Мик е само за трките на издржливост. Кога станува збор за избор на возачи за 2025 година, имаме многу опции. Иако сме доста задоволни со Пјер Гасли и Естебан Окон во моментов, никој не знае кога ќе започне пилотската битка на пазарот. Да, пред неколку недели ситуацијата беше под големо влијание на трансферот на Хамилтон, но ништо друго не се случи оттогаш, изјави Фамен. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошаркарите ги започнаа подготовките за важниот дуел со Австрија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија од синоќа, ја започна завршната фаза од подготовките за претстојниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена, со почеток во 16:05 часот.

Кошаркарите ги започнаа подготовките за важниот дуел со Австрија

Во пресрет на важниот дуел, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе го реализираат целокупниот подготвителен период во Скопје, во „Т Арената“, каде во наредните денови ќе ги одработат планираните тренинзи и тактички подготовки.

Програмата во Скопје продолжува со две тренинг-сесии во вторник, од 10:00 и од 18:00 часот. Во среда е предвиден еден тренинг, од 12:00 часот, со дел од програмата посветен на видео-анализа и опоравување.

Во четврток следуваат теретана, видео-анализа и тренинг, а ден подоцна македонската репрезентација ќе замине за Виена.

Летот е предвиден за 12:35 часот, по што во попладневните часови ќе биде реализиран и првиот тренинг во австриската престолнина.

Во Виена ќе следи уште една тренинг-сесија во сабота од 15:45 часот, по што во недела доаѓа главниот предизвик – натпреварот со Австрија, со почеток во 16:05 часот.

Програмата во денот на натпреварот предвидува утринска активација, видео-анализа и последни подготовки пред заминувањето кон арената.

Пред македонските репрезентативци е важен предизвик во втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. Наредните денови во „Т Арената“ во Скопје ќе бидат искористени за максимална подготовка и фокус пред заминувањето за Виена.

По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена.

Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за квалитетна подготовка и заедничка работа пред гостувањето во Виена.

„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа.„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.““, вели Димитријевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг

Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг.

Фото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг

За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура.

Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки.

Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати.

Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: 

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер