ФудбалАлонсо за Винисиус на резервната клупа: Фудбалот се движи во поинаква насокаТренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, објасни зошто напаѓачот Винисиус го започна натпреварот од првото коло од Лигата на шампионите против Марсеј.Реал синоќа победи со 2:1, откако гостите од Франција први дојдоа во водство. - Се наоѓаме во зафатен период од календарот и ни требаат сите играчи. Секој ќе има свое време, а најважно е секој да се чувствува подготвен и важен, бидејќи тоа е тоа што е и ќе биде во текот на целата сезона. Сега не е време да се зборува за тоа дали имало лични разговори. Тие остануваат во соблекувалната. Никој не треба да се чувствува навредено што не игра. Ни требаат сите. Замените оваа сезона беа многу ефикасни и не е важно само оние што почнуваат. Фудбалот се движи во поинаква насока, изјави Алонсо за официјалната веб-страница на Реал Мадрид. Винисиус влезе во игра во 63-.минута од натпреварот, заменувајќи го Родриго. Во второто коло од Лигата на шампионите, мадридскиот клуб ќе игра против Каират од Казахстан на гостински терен на 30 септември. Тагови: Винисиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаЛишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипедиСледува соодветна пријава.Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.Тагови: крадец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во СофијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор. Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година. На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството ХоландијаНа средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот.Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, оствари средба со Нона Де Јанг, регионален координатор за безбедност во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Јурген Флајшман одбранбено аташе на Краството Холандија во Република Македонија и Зоран Дранговски, политички службеник за безбедност и стабилност во холандската амбасада во Република Македонија. На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот, со посебен акцент на улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста, политичката стабилност на Западен Балкан и значењето на добрососедските односи како важен фактор за регионалната стабилност. Претседателот Арсоски ги запозна соговорниците со работата на Комисијата за одбрана и безбедност, истакнувајќи ја добрата соработка со членовите и замениците членови на Комисијата, Владата и надлежните министерства, како и со останатите институции и чинители во безбедносниот сектор. Тој го истакна значењето на постигнатиот политички консензус меѓу парламентарните партии во однос на прашањата од областа на одбраната и безбедноста. Во разговорот беше нагласено значењето на исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во НАТО, вклучително и континуираното зголемување на одбранбениот буџет, достигнувањето на НАТО стандардите и модернизацијата и опремувањето на Армијата. Претседателот Арсоски посочи дека Македонија ги исполнува преземените обврски и дека до 2030 година се очекува одбранбениот буџет на државата да достигне 5 % од БДП. Во овој контекст, тој го поздрави процесот „ReArm Europe“, оценувајќи дека зголемените инвестиции во одбраната отвораат можности и за дополнителен развој на европската, но и на домашната одбранбена индустрија. Арсоски истакна дека Македонија има воспоставена соработка со стратешки партнери, меѓу кои САД, Холандија и Турција, во процесот на модернизација на Армијата, додека паралелно се преземаат активности за привлекување странски инвестиции и развој на капацитетите во воената индустрија. Истакната беше и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка, особено во областа на одбраната и безбедноста, како придонес кон зајакнување на довербата и стабилноста на Западен Балкан. Во таа насока, беше разменето мислење за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и за потребата од заеднички придонес кон зачувување на мирот и стабилноста. Од страна на соговорниците беше поздравено активното учество на Македонија во НАТО и меѓународните мировни мисии, како и нејзината посветеност кон исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во Алијансата. Оценето беше дека продолжувањето на соработката со сојузниците и партнерите, како и одржувањето на добрососедските односи, се од особено значење за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност.Тагови: Павле Арсоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook