3Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ФормулаАлонсо со најголема плата од возачите во Формула Специјализираниот портал за мото-спорт „Crash.net“ објави список со платите на возачите, а интересно е тоа што актуелниот првак Луис Хамилтон се наоѓа дури на трето место.Најплатен е Фернандо Алонсо, на втората позиција е Себастијан Фетел. Список на возачи во Формула 1 и нивните плати за 2015 година: 1.Фернандо Алонсо – „Мекларен-Хонда“ 35 милиони евра, 2.Себастијан Фетел – „Ферари“ 28 милиони евра, 3.Луис Хамилтон – „Мерцедес“ 25 милиони евра, 4.Кими Раиконен – „Ферари“ 18 милиони евра, 5.Нико Розберг – „Мерцедес“ 13,5 милиони евра, 6.Џенсон Батон – „Мекларен – Хонда“ 10 милиони евра, 7.Фелипе Маса – „Вилијамс“ 4 милиони евра, 7.Нико Хулкенберг – „Форс Индија“ 4 милиони евра, 7.Серхио Перес – „Форс Индија“ 4 милиони евра, 7.Роман Грожан – „Лотус“ 4 милиони евра, 7.Пастор Малдонадо – „Лотус“ 4 милиони евра, 12.Валтери Ботас – „Вилијамс“ 2 милиони евра, 13.Даниел Рикардо – „Ред Бул“ 1,5 милиони евра, 14.Данил Квајт – „Ред Бул“ 750.000 илјади евра, 15.Макс Верстапен – „Скудерија Торо Росо“ 250.000 илјади евра, 15.Карлос Саинс – „Скудерија Торо Росо“ 250.000 илјади евра, 17.Фелипе Наср – „Заубер“ 200.000 илјади евра, 17.Маркус Ериксон – „Заубер“ 200.000 илјади евра, 19.Вил Стивенс – „Марусија“ 150.000 илјади евра, 19.Роберто Мери – „Марусија“ 150.000 илјади евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаБиљал Касами во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори? Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен? Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо? Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ 2.0 - платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиумиДодека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна платформа - денес одеднаш излегуваат со „платформа за иднината на Мицкоски“.Ова е проектот ЗНАМ 2.0. Мицкоски уште во декември почна да го турка овој проект. Прво се обиде да го провлече преку СДСМ, за да создаде внатрешна поделба и да го урне рејтингот на партијата одвнатре. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Првите промотори и претставници на оваа „платформа“ беа Петре Шилегов и Јован Деспотовски - поранешни членови на СДСМ. Денес некои членови, кои на последните избори значително придонесоа за слабеење на рејтингот на партијата, отидоа на свечената церемонија на ЗНАМ 2.0. Идејата беше јасна: рушење одвнатре. Кога не помина, сега се прави лажна опозиција - сателит на Мицкоски по моделот на ЗНАМ, само нова верзија. ЗНАМ се распадна. Сега е време за нов сателит. Основата на овој нов проект треба да ја сочинуваат пропаднати стари кадри и неколкумина сегашни (не)корисни луѓе. Некои поради тендери, некои поради приватен бизнис со ВМРО. Сето ова се промовира преку медиумите од Орбановата мрежа и ВМРО. Денес медиумските сили на ВМРО се со подготвени текстови во напад на СДСМ. Главен координатор од сенка е Драган Павловиќ - Латас. Човек на српската служба уште од 90-тите години. Сè се одвива под „Chatham House“ правила - можат да зборуваат за сè, освен за тоа кој е вистинскиот газда на проектот, а тоа е Христијан Мицкоски. Еднаш народот беше измамен со ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. ЗНАМ 2.0 нема нови гласачи 2.0. Има само истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски - економска катаклизма, изолација на земјата и продажба на националните интереси заради лични и финансиски цели. Доста е повеќе со сателитите на организираната криминална група. Со оглед на тоа што на Мицкоски драстично му падна рејтингот поради неисполнетите предизборните ветувања, немањето резултат, со оглед на тоа што ВМРО изгуби повеќе од 150.000 гласови, што буџетот е под сериозен притисок, економијата е во лоша состојба, а патот кон ЕУ е целосно закочен, очекуваме да се обиде да оди на предвремени избори. Еден од елементите на таа стратегија е и ЗНАМ 2.0, со цел да се расцепкаат опозициските гласови. Граѓани, следете уште една претстава. Режисерот го знаеме, а актерите наскоро ќе ги запознаеме. Постои само една опозиција - обединета во широкиот Граѓански фронт. Еден е Фронтот за вистина и правда. Доаѓа време кога ќе се врати власта во рацете на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаОфицијално е: „Sony“ прави потег што го менува гејмингот, дисковите стануваат минато„Xbox“ и „Nintendo“ веќе некое време ги насочуваат потрошувачите кон дигитални игри.„Sony“ објави дека „PlayStation“ целосно преминува во дигитален формат, со прекин на производството на физички дискови за игри почнувајќи од јануари 2028 година. По овој датум, ќе можете да купувате нови игри исклучиво во дигитален формат во „PlayStation Store“ и од трговците на мало. „Sony“ вели дека оваа одлука е одговор на променливите трендови и преференциите на потрошувачите, бидејќи дигиталната продажба далеку ги надминува физичките продажби. Минатата година, дистрибуцијата на физички игри сочинуваше само три проценти од приходите на „PlayStation“, а фактот дека „PS5 Pro“ беше лансиран во 2024 година без читач на дискови беше прилично јасен показател за идната насока што ја презема „Sony“. Неизбежноста на овој исход беше јасна кога „Rockstar“ објави дека се откажува од дисковите за „GTA 6“, а оваа вест ќе ја згасне секоја надеж дека ова е само изолиран инцидент. Физичките дискови може да бидат добри за потрошувачите и за оние што се загрижени за зачувување на игрите, но финансиските придобивки од дигиталниот модел за компании како „Sony“ се јасни. „Xbox“ веќе некое време се оддалечува од физичките медиуми, па дури и „Nintendo“, кој останува доминантна сила во продажбата на физички игри, очигледно ги охрабрува клиентите да се префрлат на дигитална платформа преку релативно пониски цени и кертриџи за клучеви за игри кои не ја содржат целата игра. Збогувањето на „Sony“ со дисковите не е единствената вест поврзана со „PlayStation“. Компанијата, исто така, објави дека ја затвори продавницата „PlayStation“ за платформите „PS3“ и „PS Vita“. Откако продавниците ќе се затворат, нема да биде можно да се купуваат нови игри или содржина на тие платформи, иако „Sony“ ќе продолжи да им дозволува на луѓето да ги преземаат своите претходни купувања „во догледна иднина“. На некои пазари, овие затворања на продавниците ќе се случат веќе во август 2026 година, но во САД, клиентите имаат рок до следното лето, јули 2027 година, да обезбедат какви било игри што сакаат да ги додадат во своите библиотеки. „Знаеме дека оваа вест може да ги разочара играчите на „PS3“ и „PS Vita“ кои имаат посебно место во нивните срца за оваа генерација игри“, рече „Sony“ во соопштение за медиумите. „PS3 и PS Vita претставуваат важна ера во нашата историја на PlayStation, па затоа ова не беше лесна одлука за нас.“ Извор: Б92Тагови: Sony Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54