Алонсо по ремито со Фредериција: Горд сум на изданието на мојот тим - Канал 5

Алонсо по ремито со Фредериција: Горд сум на изданието на мојот тим

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа ремизираа (29:29) дома против Фредериција во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. 

Алонсо по ремито со Фредериција: Горд сум на изданието на мојот тим

Битолскиот тим стигна до четвртиот освоен бод и се наоѓа на шестата позиција која води во осминафинале од елитното европско натпреварување.

Тренерот Раул Алонсо е задоволен од играта на неговите избраници и од поддршката од навивачите на „зелоно-белите“.

- За мене ова беше посебен натпревар. Имавме краток период за одмор и да се подготвиме заа ваков ривал беше проблем. Воодушевен сум од дочекот на навивачите и горд на борбата на теренот. Не се откажавме се боревме цело време и бркавме негатива. Во првото полувреме можеби не изгледавме најдобро, но во продолжение знаевме дека со помош на публиката може да се вратиме. Имавме шанси и да победиме, но ако не ги искористите шансите не заслужувате да победите, бодот сепак е добар за нас. Сега ќе одмориме пред лигашкиот натпревар, а потоа одиме на гости кај Веспрем. Се надевам нема да имаме проблеми со повреди, истакна Алонсо по натпреварот со данскиот претставник.

Во вториот одигран натпревар од осмото коло во групата А, Спортинг Лисабон го декласира ПСЖ со 39:28.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишен состанок на ЕБОР во Рига, билатерални состаноци со ЕБОР, ЕИБ и Зелениот климатски фонд

Годишен состанок на ЕБОР во Рига, билатерални состаноци со ЕБОР, ЕИБ и Зелениот климатски фонд, инфраструктурните проекти значајна ставка во политиките на Владата

Годишен состанок на ЕБОР во Рига, билатерални состаноци со ЕБОР, ЕИБ и Зелениот климатски фонд

Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни 2026 учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија.

Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционерите, партнерите и клиентите на банката, бизнис секторот, како и граѓанскиот сектор.

Матлиоска за време на престојот во Рига оствари повеќе билатерални состаноци со претставници на ЕБОР, ЕИБ, Зелениот климатски фонд, како и со претставници на Министерството за надворешни работи на Холандија и ЕБОР Конституенцата предводена од Холандија.

На состанокот со директорката за инфраструктура за Европа во ЕБОР, Елена Гордеева беше истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој.

ЕБОР во земјата има инвестирано во 213 проекти во вредност од 3,13 милијарди евра, а во моментов се работат проекти во вредност од 1,3 милијарди евра.

Матлиоска изрази благодарност за подршката што досега е дадена од страна на ЕБОР на нашата земја и ја потенцираше посветеноста на Владата на реализацијата на капиталните расходи.

“Капиталните расходи претставуваат клучен инструмент на фискалната политика и двигател на економскиот раст за периодот 2027–2031 година, со цел обезбедување долгорочни економски придобивки преку зголемување на јавните инвестиции особено во патната и железничката инфраструктура, енергетски капацитети, системи за водоснабдување и канализација, дигитална инфраструктура, како и проекти во образованието и социјалната заштита“, посочи Матлиоска на состанокот, на којшто беше истакната подготвеност на Банката за понатамошно партнерство во реализацијата на проекти во патната и железничката инфраструктура и општинската инфраструктура.

На состанокот со директорката на Секторот за инфраструктура за Европа во ЕБОР беше истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој.

На средбата со директорoт за партнерство на ЕИБ Глобал, Ричард Амор беше, исто така, посочено на значењето на поддршката што ЕИБ ја дава на земјата во реализација на повеќе проекти и којашто поддршка е на ниво од 1,6 милијарди евра.

Матлиоска изрази благодарност за досегашната поддршка на ЕИБ во енергетската и железничката инфраструктура, општинската водоводна инфраструктура, а исто така изрази и благодарност за подготвеноста на ЕИБ за продолжување на соработката за поддршка на приватниот сектор, поточно на малите и средни претпријатија преку Развојната банка.

Државниот секретар, исто така, оствари средба со директорот на одделот за регионот на Источна Европа, Централна Азија и Блискиот Исток на Зелениот климатски фонд Томас Ериксон.

На овие средби покрај горенаведеното Матлиоска посочи дека Владата продолжува со силна посветеност кон реформските процеси вклучително и реформската агенда, препознавајќи ја како основа за економски развој, зајакнување на институциите и успешна интеграција во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?

Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДС.

Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДС да се спремни за ново предавство на чело со Филипче.

Овој пат не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот.

Се она што сме го учеле и пренесувале од колено на колено, Филипче и СДС се спремни да го променат.

Филипче и СДС утре би потпишале дека постоиме од 1945 година.

И без разлика на тоа што конечно ЕУ не гледа како достоинствена држава, со напредна економија, која е сериозна во намерите да успее во реформите и да биде пример во регионот, Румен Радев, Венко Филипче и СДС повикуваат на уставни измени.

За Радев ни е јасно, меѓутоа со што е уценет Филипче за да води таква политика?

Наместо да застане во одбрана на македонските интереси, тој ги распродава.

Почитувани граѓани, добро е да се потсетиме зошто СДС и Филипче се во опозиција. Затоа што одат по стапките на Заев. Затоа рејтингот им е колку една шака и ќе бидат декласирани на следни избори.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскап за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% .

РКЕ: Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскап за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 3,175%, кај дизелот има зголемување за 3,367%, кај екстра лесното масло има зголемување за 2,386% и кај мазутот има намалување за 1,488 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1617%.

Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 ден/кг и сега ќе изнесува 47,297 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер