Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа
2Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа
ФормулаАлонсо неизвесен и за трката во КинаВозачот на Мекларен Фернандо Алонсо изјави дека не е сигурен дали ќе може да вози на трката за Големата награда на Кина овој викенд. Поради повредата (скршено ребро) која ја доби за време на првата трка во Австралија, тој не возеше ниту на втората трка за ГН на Бахреин. - Се додека не добијам „зелено светло“ од докторите да се појавам на патеката, ништо не е сигурно, но ќе продолжам да се подготувам за трката според планот, истакна Алонсо. Доколку Алонсо не биде во можност да ја вози трката повторно ќе го замени резервниот возач на Мекларен Стофел Вандорн. Белгискиот возач на своето деби во Бахреин го освои 10.место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗПо спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп.Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое се занимавало со негово производство и увоз, иако истото и претходно повеќепати увезувало ваков вид стока. Притоа влијаел врз службено лице – фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин. На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници. Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поради постоење на околнистите заради кои истиот беше определен, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаМанасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договарааСДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа.Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во блокирање на реформскиот закон односно Изборниот законик. Иако Законот беше усогласен со сите забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР, барањата на СДС и Левица не се суштински, туку имаат за цел да направат штета на Македонија во делот на исполнување на Реформската агенда. Врз основа на тоа, јасно укажавме дека оваа коалиција на Филипче и Апасиев, да поднесат амандмани за корекција на начинот на заокружување на гласачкото ливче, да поднесат амандмани за процесот за поднесување на приговори, да ги повлечат другите демагошки амандмани кои ги поднесоа и заедно сите политички чинители во консензус да го донесеме Изборниот законик. Единствено што бараме и тоа е нашта црвена линија и беше прифатено, тоа е нашата македонска дијаспора на следните претседателски избори да гласа по електронски пат. Почитувани граѓани, Нема да дозволиме СДС и Левица на чело со Филипче и Апасиев, да си создаваат алиби за дебаклот што ги чека на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ не работи по стапките на СДС, во чии редови очигледно им работи Фројд. Тоа што тие би го направиле, нам ни на мисли не ни поминува. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрагедија по победата на Мексико на Светското првенство-Тројца навивачи загинаа во големата гужваПрославата на победата на фудбалската репрезентација на Мексико над Еквадор на Светското првенство заврши трагично во Мексико Сити, каде што три лица загинаа во стампедо, потврдија локалните власти. Жртвите се 44-годишен маж, 48-годишна жена и 19-годишно девојче, објави „Еуроњуз“. Итна помош беше повикана во округот Хуарез во вторник вечерта по извештаите дека три лица се онесвестиле за време на улична прослава. Градскиот здравствен оддел соопшти дека причина за смртта е задушување. На местото на настанот беа испратени болничари, пожарникари и полиција. И покрај напорите за прва помош и реанимација и итен транспорт во болница, жртвите не можеа да бидат спасени и беа прогласени за мртви. Победата на Мексико од 2-0 над Еквадор предизвика еуфорични прослави на стадионот „Ацтека“ и низ целиот главен град. Головите на Раул Хименез и Хулијан Кињонес им обезбедија пласман на ко-домаќините во осминафиналето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter