Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид - Канал 5

Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид

-Не ми е тешко да најдам мотивација. Постојано се натпреварувам. И веќе се навикнав да го немам најдобриот болид.

Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид

Двократниот светски шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, најде интересна перспектива за борбите на тимот во сезоната 2024 година, поради која Астон Мартин заостанува зад лидерите и се најде на средината на гридот - големо назадување во перформансите на тимот во однос на 2023 година.

-Не ми е тешко да најдам мотивација. Постојано се натпреварувам. И веќе се навикнав да го немам најдобриот болид. За 25 години во спортот ова ми се случи само еднаш - кога возев за Тојота во Светскиот шампионат во издржливост, така што дефинитивно не ми недостасува мотивација, објасни Алонсо.

Шпанецот додаде дека новиот изглед на календарот во Формула 1 со 24 тркачки викенди практично не дозволува ниту еден пилот да се опушти и ако тоа се случи, тогаш тој најверојатно има некои проблеми./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив

СДС никако да разбере дека се што прават оди на нивна штета. Сите лаги, манипулации во јавноста, ширењето на паника никако да разберат дека им штети ним.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив

Зошто? Затоа што, за тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ има аргументи, има докази.

СДС се фали со тоа што за Венко Филипче нема никаква пресуда за 19 модуларни болници. СДС со ова само признава дека нивните инсталации во правосудниот систем кои иако се на заминување уште одработуваат за нив.

Да ги потсетиме во СДС, а да го потсетиме и Филипче кој треба да знае основни правни работи. Ако има нов доказ за него за модуларната во Тетово или било која од 19 поставени, процес за истото дело може да има повторно.

Граѓаните гледаат што е факт, факт е дека во Тетово во модуларната гореа 14 пациенти, факт е дека Филипче ја зголемувал цената за модуларните, факт е дека тие се поставувани без исполнување на основни услови од Законот за градење.

СДС и Филипче наместо да се фалат дека нема пресуда, подобро да молчат и да се засрамат. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?

По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. 

ВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?

Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува.

Во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, треба пред јавноста јасно и целосно да објасни како е донесен ваков епилог.

Од друга страна, Али Ахмети не може да се однесува како ова прашање политички да не ја засега ДУИ. Трагедијата се случи во периодот кога неговата партија беше на власт, а денес, по пет години истрага, семејствата на жртвите сè уште се соочуваат со голем број неодговорени прашања.

Вчера побаравме одговори. Денес бараме уште поголема транспарентност. Затоа што затворањето на една постапка не ги затвора прашањата, а молкот на Али Ахмети не ја затвора политичката одговорност.

ВЛЕН ќе продолжи да го држи ова прашање отворено пред јавноста, сè додека не се добијат јасни одговори за 14-те изгубени животи во Тетово.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер