Алонсо: Игравме 40 минути „егал“ со Фуксе - Канал 5

Алонсо: Игравме 40 минути „егал“ со Фуксе

Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, изрази задоволство од настапот на своите ракометари на гостувањето во Берлин и покрај синоќешниот пораз од германски Фуксе во Лигата на шампиони.

Алонсо: Игравме 40 минути „егал“ со Фуксе

Битолскиот состав претрпе пораз од Фуксе Берлин од 39-29 во натпреварот од 13. коло во групата А со што ги загуби шансите за пласман во плејофот.

„Натпреварот беше повеќе-помалку израмнет сè до последните дваесет минути игра. Се трудевме да не дозволиме да загубиме со висока разлика. Во дефанзивата завршивме одлична работа, но во вториот дел не можевме да го реализираме она што го планиравме. Би сакал да им честитам на моите момци за одиграното на овој натпревар“, изјави Алонсо на прес – конференцијата по натпреварот.

Битолчани се враќаат на обврските во македонската Суперлига и в недела од 13:00 часот ќе гостуваат во Радовиш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев

Жалбата што ја поднесе екс директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев

Оттаму велат дека жалбата била проследена до надлежното обвинителство во петокот, но дека јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата.

Богоев е осомничен во истрагата која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коските

Сопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.

Џо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коските

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија.

Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден.

Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз.

Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак.

- Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На различни локации во Скопје пронајдени тројца починати

Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.

На различни локации во Скопје пронајдени тројца починати

Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково.

Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер