ФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органи
2ФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органи
ФормулаАлонсо е во списокот на Мерцедес за замена на ХамилтонФернандо Алонсо е на списокот на возачи на Мерцедес од кои треба да избере наследник на седум кратниот светски шампион, Луис Хамилтон. Според Ендрју Бенсон од Би-Би-Си, Алонсо е на листата и е вистински кандидат за местото на Луис.Хамилтон ги изненади сите во светот на Формула 1 кога претходно овој месец објави дека ќе го напушти Мерцедес на крајот на 2024 година и дека ќе биде возач на Ферари од 2025 година. - Знам дека Алонсо е на таа листа, тоа е факт. Ова е неверојатно, со оглед на тоа што им се случи на Мерцедес и Алонсо во 2007 година за време на скандалот „спајгејт“ и се веруваше дека Мерцедес не сака да има ништо со него. Но, сега Мерцедес има нов извршен директор и откако Хамилтон очигледно си заминува, зошто да не се обиде да ја пополни празнината со Алонсо?, објасни Бенсон во поткастот „Чекерд флег“ на Би-Би-Си. Алонсо веќе изјави дека негов приоритет ќе биде да остане во Астон Мартин до 2025 година доколку одлучи да продолжи да се трка по крајот на 2024 година. - Претпоставувам дека сум привлечен за другите тимови. Тоа е поради мојот настап минатата сезона, а и на стартниот грид ќе има само тројца светски шампиони и еден од нив е под договор до крајот на 2024 година, изјави Шпанецот неодамна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина.Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од лансирањето на ракетата „Патриот ПАК-3“ (Patriot PAC-3), влеваат надеж дека е можно да се заштитат животи од суровите напади на Русија“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека добил „топла и срдечна честитка“ од американскиот претседател Доналд Трамп по повод 35-годишнината од обновувањето на независноста на Украина. - Почитуван господине претседателе: Во име на американскиот народ, Ви честитам Вам и на граѓаните на Украина за Денот на независноста. 24 август е денот кога го славиме нашето трајно пријателство изградено врз 35 години дипломатски односи – врска што дополнително се продлабочи откако Украина се здоби со независност. Изградивте одлична земја со храбри, смели и талентирани луѓе. И додека го одбележувате овој значаен настан, знајте дека Соединетите Држави му се восхитуваат на вашиот непоколеблив дух, ги почитуваат вашите жртви и остануваат уверени во вашата иднина како суверена и просперитетна нација. Да го искористиме овој момент за да ставиме крај на конфликтот и да изградиме траен мир, кој ќе го ослободи огромниот потенцијал на Украина за идните генерации. Со почит, Доналд Џ. Трамп – ова стои во честитката од шефот на Белата куќа, која Зеленски ја објави на социјалната мрежа „Икс“ (X). Зеленски исто така даде коментар за честитката, во кој му порача на Трамп дека таа му е подеднакво важна како и ракетите за американските системи за противвоздушна одбрана (ПВО) „Патриот“ – едни од ретките во светот способни да соборуваат руски балистички ракети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органиПациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август 2026 година, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување.Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во Шифрарникот на лекови, а договорните аптеки се известени за новиот начин на издавање. Со тоа, од утре пациентите повеќе нема да доплаќаат 615 денари за Myfortic од 180 mg и 1.439 денари за Myfortic од 360 mg. Станува збор за терапија од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, која се користи долгорочно и за која континуираната достапност е од исклучителна важност. Фондот реагираше откако беше известен дека алтернативните лекови без доплата во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини. Наместо финансискиот товар од таквата состојба да падне врз пациентите, беше обезбедено решение со кое достапниот оригинаторен лек Myfortic се обезбедува без доплата. По иницијатива на директорот на Фондот, м-р Златко Перински, ова прашање беше поставено меѓу приоритетите, а во координација со Министерството за здравство и стручните служби на Фондот, решението е спроведено во целост и веќе може да се применува во аптеките. Придобивката е двојна – пациентите добиваат континуирана терапија без дополнителен трошок, а истовремено се зачувува ефектот од претходно постигнатото намалување на цената на лекот. Цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари. Благодарение на намалените цени, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари. Ова е конкретен пример како рационалното управување со средствата од здравствениот буџет може истовремено да донесе поголема заштита за пациентите: терапија без доплата за осигурениците и понизок трошок за Фондот. Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ги следи состојбите на пазарот и да реагира таму каде што е потребно, со цел придобивките од Позитивната листа и конкуренцијата меѓу лековите да стигнат таму каде што се најважни – директно до пациентите. Со почит, ФЗОМТагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформитеМинистерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите кои треба да дадат конкретни и мерливи резултати. „Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција. Затоа, кон секој реформски чекор мора да пристапиме сериозно, со професионална одговорност и силен фокус на резултатите“, истакна Сали. PREF има за цел да им овозможи на институциите брз и структуриран пристап до претходно проверени домашни и меѓународни експерти. Соодветната експертиза може да биде идентификувана во рок од десет работни дена по одобрувањето на барањето, со што институциите ќе можат навремено да добијат целна поддршка за подготовка на сложено законодавство, проценки на влијание, патокази и стратегии, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност. „Надворешните експерти можат да обезбедат знаење, анализи и технички решенија, но приоритетите мора да ги дефинираме ние, процесот мора да го водиме ние, а конечните резултати мора да бидат наша сопственост и наша одговорност за нивното спроведување.“ Институциите беа повикани внимателно да ги разгледаат чекорите од Реформската агенда за кои се надлежни и да ги идентификуваат областите каде специјализираната експертска поддршка може директно да го забрза спроведувањето, да помогне во надминување на техничките пречки и во исполнување на договорените рокови. Министерството за европски прашања ќе продолжи да им дава поддршка на институциите во текот на процесот и да ја обезбедува потребната координација со Обединетите нации. „Успехот на Реформската агенда нема да се мери според бројот на планови што ќе ги усвоиме или состаноци што ќе ги организираме, туку според тоа дали реформите се завршуваат навреме, дали институциите функционираат подобро, дали граѓаните и бизнисите гледаат конкретни подобрувања и дали нашата земја се приближува кон полноправно членство во Европската Унија“, порача Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30