Алонсо дефинитивно ја напушта Барселона - Канал 5

Алонсо дефинитивно ја напушта Барселона

Дефанзивецот Маркос Алонсо на крајот од сезоната како слободен фудбалер ќе го напушти каталонскиот фудбалски гигант Барселона.

Алонсо дефинитивно ја напушта Барселона

Медиумите сега започнаа да шпекулираат дека Алонсо можеби ќе ја промени одлуката откако Чави најави заминување од клупата на Барса.

Но, според шпанските медиуми Алосно останува на својата одлука и сигурно заминува од Ноу Камп.

Инаку, Алонсо дојде во Барса пред две сезони од Челзи, но не играше премногу.

Пред тоа шпанскиот репрезенативец ги носеше дресовите на Сандерленд, Фиорентина, Болтон, а кариерата ја започна во Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?

​Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. 

Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?

Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни.

Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи?

Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања.

И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање!

Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот.

Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит!

YouTube video

Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година

Во пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. 

Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година

Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет.

Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија.

Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер