3Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ЗабаваАлма Купер е новата Мис на САД (ВИДЕО)Мис Мичиген, Алма Купер е крунисана за Мис на САД за време на 73-от годишен натпревар.Таа ќе ги претставува Соединетите Американски Држави на изборот за Мис Универзум 2024 година, кој ќе се одржи во ноември. Прва и втора придружничка беа Мис Кентаки Конор Пери и Мис Оклахома Даника Кристоферсон. View this post on Instagram A post shared by Miss USA (@missusa) Алма е 22-годишен офицер на американската армија и студент на Универзитетот Стенфорд. „Како ќерка на работници-мигранти, горда афро-латинка и офицер во армијата на Соединетите држави, го живеам американскиот сон“, рече Алма, според Си-Ен-Ен. View this post on Instagram A post shared by Alma Cooper (@alma.cooper) „Од мала сакав да одам на сцената како Мис на САД. Открив дека моите вештини и оваа заедница, љубов и поддршка - успеаја да ме направат подобра кандидатка“, додаде таа. View this post on Instagram A post shared by Alma Cooper (@alma.cooper) Алма ја освои титулата Мис на САД по повлекувањето на Ноелија Војгт. Таа во мај откри дека се откажала од титулата поради нејзините борби за менталното здравје. „Дајте приоритет на вашето ментално здравје, застапувајте се себеси и другите користејќи го вашиот глас и никогаш не плашете се што носи иднината, дури и ако изгледа неизвесно“, напишала Војгт во изјавата, а обожавателите забележале дека првите букви од секоја реченица од нејзината изјава за оставка ги формира зборовите: „ЗАМОЛЧЕНА СУМ“. View this post on Instagram A post shared by Alma Cooper (@alma.cooper) Мис САД веќе предизвика контроверзии околу односот кон натпреварувачките со наводите за местење натпревари, но тие беа демантирани. View this post on Instagram A post shared by Alma Cooper (@alma.cooper) Два дена подоцна, Мис тинејџерка на САД, Ума Софија Шривастава, исто така, се откажа од титулата. Истото го направи и второпласираната Мис тинејџерка Њујорк Стефани Скинер. Дополнително, директорката за социјални медиуми на Мис на САД, Клаудија Мишел поднесе оставка. View this post on Instagram A post shared by Noelia Voigt (@noeliavoigt) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07