ТенисАлкараз се спореди со НБА ѕвездата Кари: Се обидувам да ги имитирам неговите движењаЧетирикратниот Грен слем шампион Карлос Алкараз верува дека прави слични движења со олимпискиот кошаркарски шампион Стеф Кари.- Го гледав Кари како игра во живо на кошаркарскиот терен. Се обидувам да ги имитирам неговите движења, но навистина е тешко. Мислам дека и двајцата се стремиме кон истото - да ја направиме играта повозбудлива и поемотивна, ја цитира „ESPN“ изјавата на Алкараз. Претходно, 21-годишниот Алкараз победи во првото коло на УС Опен. Шпанецот го совлада Ли Ту од Австралија со 6:2, 4:6, 6:3 и 6:1. Негов следен противник ќе биде Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШвајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиониШвајцарија денес ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странциТагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина КарпошНа 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул."Волгоградска", во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во ИлинденДенес во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.За време на настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми .Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook