Алкараз - Руд за трофејот во Њујорк - Канал 5

Алкараз - Руд за трофејот во Њујорк

Младиот Шпанец Карлос Алкараз е вториот финалист на тенискиот Грен слем во Њујорк, Отвореното првенство на Америка.,

Алкараз - Руд за трофејот во Њујорк

Шпанската тениска надеж Карлос Алкараз се пласираше во своето прво Грен слем финале во кариерата, победувајќи го домашниот тенисер Френсис Тиафое во вистински маратон од пет сетови. со 3-2.

Алкараз го совлада Американецот по речиси четири и пол часа борба - 6:7(6), 6:3, 6:1, 6:7(5), 6:3. Со тоа тој влезе во борбата за својот прв Грен слем трофеј.

Во недела во големото финале во Њујорк кое стартува во 22 часот противник на Алкараз ќе биде Норвежанецот каспер Руд.

Финалната пресметка меѓу Алкараз и Руд на Артур Еш стадионот покрај за Грен слем титулата ќе биде и битка за првата позиција на АТП ранг листа на најдобри светскитенисери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Змија влегла во куќа во Хиподром, нема надлежна служба која може да интервеницира

Стево Станковиќ од скопски Хиподром од вчера има непоканет гостин во неговиот дом. 

Змија влегла во куќа во Хиподром, нема надлежна служба која може да интервеницира

Змија влегла во неговата дневна соба и не може да ја најде. Од вчера змијата седи внатре, а Стево надвор. На помош дошле неговите роднини и соседи, но никој не можел ништо да најде. Тој се јавил на 112, но одтаму му рекле дека треба да бара човек кој се разбира од змии и да ја најде.

Стево ја раскажа неговата мака, па заедно побаравме на 112 совет и помош каде може да се најде помош во ваква непријатна ситуација. Диспечерот не препрати до приватно лице да му помогне на Стево.

Граѓаните многу често на социјалните медиуми објавуваат фотографии и од градски средини каде има змии во близина на зградите и кажауваат дека не знаат каде да се обратат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 22.06.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 22:30 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг Г.Ј.(31) од Скопје упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.

На 22.06.2026 во 01:50 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.И.(73), постапувајќи по претходна пријава дека на 21.06.2026 околу 17:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.

На 21.06.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата сопруга А.П.С.(44), која фрлала и тврди предмети кон него.

На 21.06.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Д.С.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнала нејзината 69-годишна мајка.

На 21.06.2026 во 16:25 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека на 20.06.2026 околу 23:30 часот во угостителски објект во скопско, каде што се одржувала семејна веселба, дошол и упатувал закани.

На 21.06.2026 во 14:30 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М.(30) од истото село, кој бил пријавен од негов 61-годишен роднина од селото дека му се заканувал.

На 21.06.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(28) од Тетово. Претходно, неговата 51-годишна мајка во СВР Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејниот дом А.И. почнал агресивно да се однесува и ја кршел покуќнината откако не му дала пари колку што барал. После тоа се заканил со нож на неговата 24-годишна сопруга и физички ја нападнал мајка си.

На 21.06.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.М.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека отишол во семејниот дом на неговата 23-годишна поранешна сопруга и се заканувал дека физички ќе ја нападне.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.

Седум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрога

На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана.

На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници во дворното место пронашле две засадени стебла од растението канабис. Исто така, лицето доброволно предало и три стебла канабис, кои ги засадил на локација во атар на с. Бориево. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер