„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
Други спортовиАлкалоид со убедлива победа го почна Европскиот шаховски клупски куп Тимот на Алкалоид успешно стартуваше на Европскиот шаховски клупски куп, кој се игра во Врњачка Бања, Србија. Совладана е Васа од Шведска со 5,5:0,5.Победи за македонскиот шампион остварија: Еригаиси Ајрун, Филип Панчевски, Веи Ји, Нарануан С.Л и Ју Јангји, додека Велимир Ивиќ ремизираше. На овогодинешното издание на највисокото клупско натпреварување во светот, учествуваат рекорден број - 84 екипи во машка конкуренција, а ШК Алкалоид на стартната листа, според просечен рејтинг на играчите 2730, е второрангирана екипа. Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата од Словачка Черо Инвест Нитра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта и опозицијата низ различна призма го гледаат извештајот за владеење на правото од ЕКВласта и опозицијата низ различна призма го гледаат последниот извештај на ЕК за владеењето на правото во земјава кој беше објавен вчера. Според премиерот Мицкоски ова не е документ којшто ЕК го објавува за напредокот на државата, туку, како што вели, е редовен извештај за земјите членки и земјите кандидатки. Оцени дека извештајот содржи и пофалби и критики, коментирајќи ги како главни забелешки загриженостите за политичкиот притисок врз правосудството, барањата за поголем буџет и критиките за работата на судиите и обвинителите, што според него се контрадикторни. И покрај забелешките Мицкоски најави дека ќе продолжи јавно да испраќа пораки и да бара подобри резултати од правосудството, а Владата беше дециден дека нема да даде повеќе пари за судството и обвинителството иако, како што рече, постојат законски барања за поголем буџет. - Од сите споредено со претходно, ова е најдобар извештај за нас како држава. Дали е одличен? Не е одличен. Се констатираат забелешките. Има многу пофалби, има многу констатирани проекти и политики што испорачуваат, но има и критика. Мене ми е тоа работа, јас јавно да ги повикувам судиите и обвинителите да испорачуваат правда и ќе продолжам во таа насока да коментирам колку сакаат извештаи нека се објавуваат. Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави сума од 0,5 проценти од буџетот. Нема да добијат, затоа што не ги заслужиле. Затоа што очекуваме правдата да ја донесат. Се што побараа-добија. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, нема Владата да го прифати. Бидејќи независноста со пари не се обезбедува, туку се обезбедува со работа, изјави Мицкоски. Според СДСМ извештајот на Европската комисија нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција, за кои, како што велат, јавноста секојднево сведочи. - Она што Европската комисија го забележува како системски проблем, ние го гледаме секојдневно во конкретни постапки и одлуки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група. Постапувањето на луѓе блиски до ВМРО во клучни позиции во правосудството е веќе системска практика. Сопруга на екс градоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет на пример. Обвинителка поврзана со Сашо Мијалков беше избрана, што покажува дека старата мрежа на криминал и контрола врз институциите повторно се враќа на власт, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. Инаку, во новиот Извештај на ЕК за состојбите во правосудството, меѓудругото се нотира дека независноста на судството во Македонија е загрозена од притисок и мешање на други државни инстанци кои, како што се вели, продолжуваат да предизвикуваат сериозни загрижености во врска со почитувањето на судската независност. Како дел од позитивните забелешки на ЕК, се забележува усогласувањето на новиот закон за Судски совет со европските стандарди, а се нотира и подобрена ефикасност кај кривичните предмети. Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говоротЛиберално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски.Заканите кон новинари не се личен конфликт, туку директен напад врз слободата на медиумите и демократскиот поредок. Политичката комуникација мора да биде пример за достоинство и одговорност, затоа што кога носителите на јавни функции го нормализираат говорот на омраза, користат навреди како: “кокошко”, “копито” “мекотели” и други изрази на деградацијата, тие создаваат амбиент во кој насилството станува прифатлив начин на пресметка со неистомислениците. Бараме од надлежните институции итно да ги идентификуваат и санкционираат одговорните за заканите и да обезбедат ефикасна заштита за новинарот Видиновски. Демократијата не се брани со молк, туку со јасна и еднаква примена на законот кон секој што повикува на насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Температурите во наредните два дена ќе останат високиДодека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи.Додека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи со речиси 40 степени целзиусови на целата територија на земјава Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook