АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 % - Канал 5

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 %

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 %, извоз од 57,4 милиони евра и инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 %

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 5.201.163.839 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 24 % во споредба со првите три месеци од минатата година. Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 32 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 68 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 25 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 23 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Продажбите на странските пазари во првиот квартал од 2025 година се во согласност со предвидената динамика и бележат раст од 8 % во однос на планот. Во периодот што следува очекуваме кумулативните пласмани на странските пазари да ги надминат минатогодишните.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени на Јужна Африка, кои се зголемени 3,8-пати; потоа во Холандија, каде што се зголемени 3,7-пати, во Португалија, каде што се зголемени 2,3-пати, како и во Австрија, каде што продажбите се удвоени. Потоа следуваат оние во Грција (раст од 40%), Финска (раст од 39%), Ерменија (раст од 29 %), во Украина (раст од 13 %), Босна и Херцеговина (раст од 12 %), Саудиска Арабија (раст од 10 %), во Словенија (раст од 9 %), Србија (раст од 6 %), Хрватска (раст од 5 %) итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 92 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 29 %, препаратите ОТЦ со 16 %, кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 8 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 5 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сегментот фармација, додека во Сегментот хемија, козметика и билкарство бележат намалување во споредба со остварените во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација бележи раст од 7 %, хемија намалување од 3 %, козметика пад од 11 %, а билкарство намалување од 13 %. Намалувањето на продажбите во сегментите козметика и билкарство во голема мера се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 256.658 илјади денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 744.810.347 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 407.432.285 денари и е зголемена за 4 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 928.314.407 денари и бележи раст од 8 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 491.703.111 денари е зголемена за 3 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – март 2025 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 13 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Групацијата АЛКАЛОИД брои 3.046 вработени, од кои 2.288 се во земјава, а 758 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2025 година се движеше од 26.800,00 до 31.099,00 денари или просечно 28.966,38 денари за една акција. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со Друштвото и на генералниот тренд на движење на глобалните и на регионалните берзи. На 31.03.2025 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 6.188 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 39,4 милијарди денари.

На 1 април 2025 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2024 година во износ од 901.752 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2025 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 630 денари бруто, односно 567 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2024 година е поголема за 16,67 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2023 година.

Бизнис-план за 2025 година

Бизнис-планот за 2025 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2024 година, предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 8 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година.

Бизнис-планот за 2025 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот. Околностите и настаните во 2025 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2025 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање. Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали. Дополнително, потенцијалниот ризик од глобална трговска војна може да предизвика нови покачувања на цените на суровините и да доведе до зголемени трошоци во работењето. Внимателно го следиме развојот на настаните и преземаме мерки за ублажување на овие потенцијални ефекти.

Очекуваме во 2025 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнувањето и во усовршувањето на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градењето таленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на Хирошима

Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. 

6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на Хирошима

Утрото на 6 август 1945 година во Хирошима започнува ведро и топло. Луѓето одат на работа, учениците се собираат за своите дневни обврски, продавниците се отвораат, а трамваите се движат низ градот. Војната трае речиси шест години, но Хирошима дотогаш е поштедена од масовните воздушни напади што веќе уништиле многу други јапонски градови.

Во 8 часот и 15 минути, над градот се појавува бела светлина посилна од сè што човечкото око дотогаш го видело.

Американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“ ја фрла ураниумската атомска бомба со кодно име „Little Boy“. Четириесет и три секунди подоцна таа експлодира на височина од околу 600 метри над центарот на Хирошима.

Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Тој ден, светот се запозна со нуклеарното војување. Наредбата беше издадена од американскиот претседател Хари С. Труман откако доби вест дека првата нуклеарна бомба е успешно тестирана на локацијата „Тринити“. Соединетите Држави развиваа нуклеарна технологија уште од 1942 година, а многумина во военото раководство сакаа да видат што може да постигне такво оружје. Бомбата првично беше наменета за Хитлерова Германија, но војната во Европа заврши пред таа да може да биде тестирана. Сега, остануваше само Јапонија. Јапонската војска водеше крвава битка за секој остров, секоја база и секој километар.

Сепак, до летото 1945 година, беше јасно дека тие ќе загубат. Постапувајќи според наредбите на Труман, американскиот бомбардер Б-29 наречен „Енола Геј“ (Enola Gay) на 6 август фрли нуклеарна бомба што содржеше 60 килограми ураниум, од височина од 9.400 метри. Таа го носеше името „Мало момче“ (Little Boy).

Во првичните секунди загинаа меѓу 70.000 и 80.000 луѓе, а во месеците што следеа, бројот на жртвите се искачи на 140.000 поради последиците од зрачењето. Преживеаните се преселија во областите околу градот.

Бомбата беше фрлена како демонстрација на сила и предупредување до Советскиот Сојуз – со кој САД влегуваа во нов конфликт – додека како оправдување беше наведена битката за Окинава, во која животот го загубија повеќе од 100.000 јапонски војници, околу 150.000 цивили и 12.000 американски војници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. 

Клековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира.

За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Белата куќа: Судир меѓу Трамп и Хегсет

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран.

Хаос во Белата куќа: Судир меѓу Трамп и Хегсет

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Според весникот, за време на состанокот на кабинетот, Трамп побарал објаснување од Хегсет бидејќи, како што навел, проблемот со залихите на муниција не бил решен, иако тој бил убеден дека е.

Извори тврдат дека недостигот е особено изразен кај наведуваните ракети со голем дострел и ракетите за противвоздушна одбрана, поради што Трамп во последните денови се откажал од нови големи воени напади врз Иран.

Според весникот, за време на разговорот, Хегсет ја префрлил одговорноста за состојбата со залихите на својот заменик Стивен Фајнберг, тврдејќи дека претседателот не бил целосно информиран за обемот на проблемот.

Весникот од Вашингтон наведува дека овој разговор дополнително укажал на растечкото незадоволство на Трамп од работата на министерот за одбрана, кој е еден од најгласните застапници за воена акција против Иран и кој, според неколку официјални лица, го уверувал претседателот дека конфликтот ќе биде краток и релативно лесен.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, ги отфрли наводите на весникот, нарекувајќи ја приказната „целосно измислена“ и истакна дека Трамп има „целосна доверба“ во Хегсет.

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, исто така ги негираше тврдењата дека Хегсет го довел претседателот во заблуда или ја префрлил вината врз својот заменик, нарекувајќи го извештајот неточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер