Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп - Канал 5

Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп

Нема повеќе билети за историското финале на РК Алкалоид кој в недела ќе го пречека АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп

- Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.

Вашата поддршката многу ни значи!

Ви благодариме!💙🤍

Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула!🇲🇰🏆

Се гледаме во сала!👋-стои во соопштените на Алкалоид.

Македонскиот тим на првиот натпревар забележа победа со 29:25.

Купил евтина книга „Хари Потер“ пред 30 години – сега ја продал за десетици илјади евра

Кога ја купил книгата „Хари Потер“ како момче, немал поим дека еден ден може да го збогати.

Купил евтина книга „Хари Потер“ пред 30 години – сега ја продал за десетици илјади евра

На десетгодишна возраст, неименуваниот среќен човек заштедил малку од својот џепарлак за магичното задоволство од читањето. Речиси 30 години подоцна, човекот од јужна Англија станал побогат за десетици илјади евра, објави Мирор.

Тој го продал првото издание на првиот дел од серијалот за Хари Потер - „Хари Потер и каменот на мудроста“ - на аукција во лондонската куќа Бонамс за неверојатни 56.000 фунти, што е повеќе од 63.000 евра!

Во 1997 година, кратко по објавувањето на книгата, еден човек, според весникот Мирор, купил примерок во книжарницата „Вотерстоунс“ за 10,99 фунти (во тоа време малку помалку од 30 германски марки). Ја прочитал книгата, заборавил на неа и оттогаш собирала прашина на полицата во неговата детска соба во куќата на неговите родители.

Поминало долго време пред книгата да се врати во нечии раце. Порано оваа година, родителите на сега веќе возрасниот маж решиле да се преселат и додека ги чистеле своите работи, пронашле, меѓу другото, книга за сега веќе светски познатиот млад волшебник.

Откако слушнал дека ретките изданија можат да достигнат високи цени, тој решил да ја испита вредноста на својот примерок.

Набрзо открил дека неговата книга е една од само 500 отпечатени примероци, кои биле многу барани. Првото издание содржело неколку печатни грешки, што дополнително ја зголемува неговата вредност. На пример, на страница 53, зборовите „едно стапче“ се појавуваат двапати на списокот со работи што Хари Потер треба да ги понесе во Хогвортс. Исто така, името на авторката на корицата е Џоан Роулинг, додека таа е позната низ целиот свет како Џ. К. Роулинг.

На задната страна од книгата, насловот беше погрешно отпечатен - буквата „о“ недостасува, па затоа пишува Хари Птер и каменот на мудроста.

Поради овие карактеристики, експертите ја процениле вредноста на изданието со тврди корици на 30.000 до 40.000 фунти - но книгата на крајот се продаде за точно 56.280 фунти.

„Зачуден сум и воодушевен од резултатот - далеку ги надмина нашите очекувања. Им благодарам на моите ѕвезди што не ја фрливме за време на преселбата“, рече првиот сопственик на книгата, според „Мирор“.

Британскиот рекорд е сепак значително повисок. Имено, во јуни 2022 година, две сестри ја продадоа својата копија од првото издание за неверојатни 220.800 фунти (околу 258.000 евра).

Светскиот рекорд го држи аукција во Далас во декември 2021 година, кога првото издание беше продадено за 470.000 долари, што е околу 407.000 евра.

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството.

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.

Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и лозарите. Во делот лозарството и винарството, не само што не се донесоа развојни мерки, туку се скратија и постоечките добри мерки донесени од Владата на СДСМ, како авансната исплата, стопирана е и програмата за мали винарии и дестилати, укината е субвенцијата за високо квалитетно грозје и намалена е поддршката за саемски манифестации за промоција.

„ВМРО ДПМНЕ беа гласни за земјоделците пред изборите, ветуваа се и сешто, а само за една година покажаа дека не го вреднуваат ниту трудот на земјоделецот, ниту ги интересира развојот на земјоделството особено на стратешките гранки како што е лозарството и винарството. Ги стопираа програмите за финансирање на мали семејни винарии. Ланската 2024 година е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје, додека претходните години беше по 2 или 3 денари за килограм во зависност од приносите на грозје во тековната година. Во програмата за субвенционирање на лозарството укината е и мерката за субвенционирање на хектар лозов насад во висина од 60.000 денари по хектар за производство на грозје за високо квалитетни вина, што како мерка беше во програмата за субвенционирање во 2024 година“, рече Филипче.

Говорејќи за потребата од поддршка на лозарството и винарството како наши извозни се стратешки гранки, Филипче потсети дека Владата на СДСМ во својот мандат, заедно со лозарите, со винариите, донесе низа мерки и нови политики за поголема поддршка на овој сектор.

„Со Законот за вино се загарантираа најниските откупни цени на грозјето, и како резултат на овие измени во 2024 година се постигна највисока просечна откупна цена кај сите вински сорти. Се олеснија условите за формирање на мали семејни винарии кои дотогаш не беа во можност да се формираат и регистрираат како такви. Воведовме нови програми за поддршка на малите винарии, беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии. Лозарите беа опфатени и со мерката за субвенции за зелена нафта и со моделот за авансна исплата на субвенциите“, рече Филипче.

На средбата, Филипче посочи дека благодарение на успешноста на мерките на СДСМ се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. При тоа, Филипче порача дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на сите земјоделци и ќе нуди мерки не само за вреднување на нивниот труд, туку и за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Тоа како што кажа, подразбира и силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност, се наведува во партиското соопштение.

Коријада во Кисела Вода: Собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во Кочани

Во паркот „Шопен“ денес се одржа традиционалната манифестација „Коријада“, организирана од Здружението на пензионери на Општина Кисела Вода. 

Коријада во Кисела Вода: Собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во Кочани

Настанот, кој години наназад го збогатува културниот живот во општината и прерасна во нејзин симбол .

На штандовите, посетителите имаа можност да купат бели печива, подготвени лично од членовите на здружението. Средствата собрани од продажбата оваа година ќе бидат наменети за семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани.

Покрај продажбата на печива, настанот беше збогатен со културно-уметничка програма. Настапија играорни групи, пејачи од Здружението, како и хорот „Вања Лазарова“

Меѓу присутните беше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој лично купи од подготвените производи и упати поддршка до пензионерите и нивниот ангажман.

-Горди сме на нашите пензионери кои и покрај годините, со неисцрпна енергија, ентузијазам и хуманост го збогатуваат општествениот живот во Кисела Вода. "Коријадата" не е само манифестација на традиционална кујна, туку и симбол на солидарност, култура и човечност. Општина Кисела Вода и понатаму ќе стои цврсто зад ваквите иницијативи, кои не само што негуваат вредности, туку и оставаат вистинска трага во животите на луѓето-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, соопштуваат од Општината.

притисни ентер