Алкалоид одигра добро, не успеа да го изненади Силкеборг - Канал 5

Алкалоид одигра добро, не успеа да го изненади Силкеборг

Екипата на Алкалоид го одигра својот четврти натпревар во EHF Европската лига. 

Алкалоид одигра добро, не успеа да го изненади Силкеборг

Синоќа како гостин во Силкеборг, македонскиот вицешампион одигра меч во кој рамноправно се надигруваше со данскиот состав, на нивни терен, но имаше и еден лош период на почетокот на вториот дел по кој натпреварот доби тек каков што му одговараше на противникот кој на крајот и ги освои бодовите со резултат 35:31.

Во првото полувреме по водството на Силкеборг, Алкалоид успеа во три наврати да дојде до израмнување, 13:13, 15:15 и 16:16, а на одмор се замина со резултат 17:16 за домаќините.

Почетокот на второто полувреме беше фатален за македонскиот тим и му даде поинаков тек на натпреварот. Слаба реализација комбинирана со технички грешки во првите осум минути со серија од 5:0 за Данците го реши мечот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Марко Митев со девет погодоци без ниту едно промашување.

По четири кола во Ф-групата, водат Силкеборг и Војводина со по шест бода, Ла Риоха има три, Алкалоид е со еден освоен бод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку пет лица се загинати во руски напади врз Запорожје и во источна Украина

Во руски напад со беспилотни летала врз градот Запорожје во Украина  во текот на ноќта, едно лице е убиено, а најмалку седум се повредени, објавија регионалните власти.

Најмалку пет лица се загинати во руски напади врз Запорожје и во источна Украина

Русија го нападнала градот на пет локации. Регионалната полиција соопшти дека руските сили насочиле десетици беспилотни летала „Шахед“ кон станбени области.

Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека еден од нападите предизвикал пожар во трикатна зграда, заробувајќи ги станарите внатре.

Поради заканата од постојани напади, спасувачите биле принудени неколку пати да се засолнуваат, а дури наутро успеале да интервенираат на пожарот.властите велат дека во нападот биле оштетени и други цивилни објекти, вклучувајќи домови и дел од зградата на националниот универзитет во Запорожје.

Полицијата информирше дека едно лице било убиено кога дрон го погодил неговиот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еве колку ПАО му нуди на Жељко Обрадовиќ

 Баскетбол Европа повторно пишува за можното враќање на најтрофејните тренери во историјата на Евролигата во атинскиот гигант  Панатинаикос.

Еве колку ПАО му нуди на Жељко Обрадовиќ

Според неколку извори, раководните луѓе на популарниот ПАО се сериозно заинтересирани да го врати Жељко Обрадовиќ на клупата на тимот од Атина, а сега е позната и бројката што му се нуди.

Како што објави „Моцарт Спорт“, раководството на „Зелените“, предводено од контроверзниот соспственик Димитрис Јанакопулос, е подготвено да понуди тригодишен договор вреден околу пет милиони евра со цел да го убеди искусниот стратег да се врати во клубот со кој постигна најголем успех во кариерата.

Ситуацијата стана уште покомплицирана откако Панатинаикос официјално ја прекина соработката со Ергин Атаман, што отвори пат за враќање на легендарниот тренер во Атина.

Грчките медиуми со денови шпекулираат дека враќањето на Обрадовиќ во Панатинаикос е многу блиску до реализација, додека некои извори тврдат дека идејата за негово враќање на местото на успехот станува сè поконкретна.

Сепак, од кругови блиски до српскиот тренер доаѓаат информации дека тој е подготвен да размисли за враќање на клупата, но само под јасно дефинирани услови. Можноста Обрадовиќ да се врати во Партизан додава дополнителна неизвесност во целата приказна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка шампион, цела сезона без пораз за хет трик во титули

Крива Паланка во финалето од плеј оф го победи Младост 96 и со тоа стана шампион на Македонија во најсилната пинг понг лига.

Крива Паланка шампион, цела сезона без пораз за хет трик во титули

Ова е трета титула по ред, а истата ја завршува со совршен учинок од 20 победи и ниту еден пораз.

Крива Паланка покажа доминација во текот на цела сезона, а Младост 96 не успеа да направи пресврт во финалниот натпревар.

Пинг понг сезоната заврши со World Table Tennis Contender Skopje 2026 кој федерацијата на Македонија го организира по втор пат. Титулата кај машките ја освои Словенецот Дарго Јоргиќ, а кај жените Сацуки Одо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер