Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
2Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
3Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство
РакометАлкалоид го доби италијански Бриксен во осминафиналето на Европскиот КупРакометниот клуб Алкалоид денеска го доби противникот за осминафиналето на Европскиот Куп.Избраниците на Кире Лазаров ќе играат со италијански Бриксен, а овој ривал дава надеж за позитивен резултат и пласман во следната фаза. Италијанците ќе бидат домаќини на првиот натпревар против македонскиот претставник, а дуелите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЖивотРеализиран -„Лајка Фест - Повеќе од настан“Во изминатите три дена, ЈП Лајка - Скопје го реализираше „Лајка Фест - Повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните.Во изминатите три дена, ЈП Лајка - Скопје го реализираше „Лајка Фест - Повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество - проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел дискусија во Собранието на Град Скопје, каде претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта од државата, како и гости и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија, разговараа за реалната состојба со која се соочуваме, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели. Во текот на неколкучасовната дискусија се отворија важни теми поврзани со одговорноста на институциите, потребата од координирано делување, улогата на локалната самоуправа, важноста на стерилизацијата и одговорното сопствеништво, како и неопходноста од едукација и подигнување на јавната свест. Посебен акцент беше ставен и на фактот дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување. Како продолжение на оваа порака, наредните два дена Градски парк стана место за дружење, едукација, вдомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните. Преку забавно-едукативниот дел од „Лајка Фест“, темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин. Во рамки на фестивалот учествуваа повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации кои ја поддржаа иницијативата. Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП Лајка, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на вдомените миленици и одговорното сопствеништво. Особено значајно беше присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што уште еднаш покажа дека сè поголем број граѓани сакаат активно да бидат дел од создавање похумано и поодговорно општество. „Лајка Фест“ не беше само настан за љубители на животни, туку обид да се покаже дека преку соработка, едукација, заедништво и современ пристап може да се отвори поинаков разговор за проблемот со бездомните кучиња - разговор во кој решението не се бара во насилство и поделби, туку во одговорност, систем и долгорочна промена. ЈП Лајка упатува благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери, посетители и граѓани кои беа дел од „Лајка Фест“ и помогнаа овие три дена да испратат порака дека промените се можни кога постои заедничка волја за подобро и похумано општество.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Богоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредностаБогоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредноста, за Филипче да го смета за криминал колку пари треба Богац да украде?Криминалната и корупциска матрица е главната идеологија на СДС. За нив е прифатлива корупцијата и во тоа не гледа криминал претседателот на партијата, Венко Филипче. Поранешниот директор на Царинска управа од редовите на СДС, Стефан Богоев – Богац наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари. Богоев тендерот за чистење го наместил со сопартиецот, сива еминенција од огранокот на СДС во Прилеп, Александар Спирковски – Џемо, а за ова Богац зел мито од две илјади евра. Аферата со Богац, детето на Зоран Заев и негов несуден наследник не е обична, туку трага која не води до многу поголем криминал. Преку медиумите, македонската јавност дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од наши извори дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС. Но, во оваа корупциска афера на некогашниот претставник на младите во СДС, Богоев, само Венко Филипче не гледа криминал. Па го прашуваме, колку државни пари требал да украде Богац, за Венко Филипче тоа да го смета за криминал? Можеби требал сам да ја подготви тендерската спецификација, како Филипче за модуларните, па после тоа да потпише и анекс со кој цената би се зголемила за 20%, а парите да завршат во негов џеб. Од друга страна, го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од наместениот тендер вреден 18 милиони денари, што изнесува 1,8 милиони денари? Ова не е изолиран случај и личен инцидент на еден поединец. Не треба да заборавиме дека Богоев, на позицијата директор на Царина бил поставен од СДС, и Џемо негов соработник со кој го наместиле тендерот и го договарале митото и разни награди, е исто така човек од СДС. Двајцата партиски, како што се нарекуваат, другари ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и во државната институција си наместиле милионски тендер. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на МакедонијаСДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина.Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата иднина дома. СДСМ е на страната на младите, на работниците, пензионерите, земјоделците и сите граѓани кои чесно живеат од својот труд. Во оваа насока „Твоја држава, твоја шанса“ нуди конкретен одговор на најголемите предизвици со кои денес се соочуваат граѓаните: високите цени, ниските плати, иселувањето на младите, корупцијата и слабите институции. СДСМ се обврзува на политики што ќе обезбедат раст на платите, заштита на работничките права, правично оданочување, силна борба против корупцијата, независно судство, достапно здравство и квалитетно образование. Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики. Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек. Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook